Следете не на
КРЕАЦИЈА - ЗНАЕЊЕТО ВО АКЦИЈА
  • Активности
  • Интелектуални продукти
  • Проекти
    • SEEtheSKILLS- HORISON 2020
    • TRAINEE- HORISON 2020
    • Пристап до странски пазари за ракотворби
    • Be Digitalised - Интернет платформа
    • Пертнерство помеѓу ГО и бизнисите
  • Програма на Обуки 2020
    • Обуки за Дигитални вептини
    • Обуки за Консултанти
    • Регистрација за обуката
    • Обуки за Бизниси
    • Регистрација за Фирми
  • Соработка со НВО
    • Членство
  • Креативност
    • Публикации >
      • Галерија
      • Consulting Products >
        • Publications
  • Продавница
    • Содржина на Обуката

Креативноста се учи

Нашиот живот е ехо и слики на нашите мисли и емоции. 
Знаење-познавање на  некој или нешто, вклучува податоци, информации, опис или вештини стекнати преку искуство или образование. 

РИПНИ

Коучингот за зголемена продажба- заедно во иста насока и за иста цел, учејќи од сопствените акции

3/26/2017

0 Comments

 
Picture
Намерата на овој текст е да го сврти вниманието за потребата за менување на пристапот во поддршката на растот на бизнисите на МСП во Македонија.  
Кај нас е вообичаено  менаџерите да барат начини за растот на нивниот бизнис. Во последните 20 години постојат во Македонија различни видови програми за малите и средните претпријатија: пристап до знаење, информации, пазари, технологии, вештини и финансии.   Потребата за нив се оправдува со тоа дека доколку претпријатијата ги имат и користат ќе обезбедат раст на бизнисот и дека со поддршката ќе решат некој проблем во претпријатието. 
Овој пристап го смета за нормално, однесувањето кај менаџерите дека претходно треба да имаат знаење, ресурси, пазари и пари  за да постигнат успех и/или раст на бизнисот.  Нивната главна активност се сведува на тоа да бараат во околината некој да им даде нешто што сега го „немат“. Затоа своите цели ги прилагодуваат на околината и на условите на тие што нешто им нудат. Тоа е сосема во ред доколку намерите на менаџерите и поддржувачите се исти или усогласени. Меѓутоа скоро секогаш подржувачите повеќе се заинтерсирани за процедурите и документацијата отколку на проценката дали поддршката ќе обезбеди раст на бизнисот. Многу често знаењето и стручноста да се аплицира за поддршката чини повеќе време и пари од висината на доделените средства. За добивање на поддршка за решавање на бизнис проблем тие треба прретходно да решат поголем проблем.
Ние увидовме дека овој систем не функционира ниту вистински го поддржува растот на бинзисот на МСП.  Постојниот систем се заснова на ставот дека бизнисите не растат бидејќи нема околина која ги поддржува да ги решаваат проблемите. Менаџерите широко го прифатија ова и затоа постојано бараат некој да им помага, најчесто тоа треба да бидат разни нивоа на власт ( општините, регионите, Владата, донаторите и слично). Така влегоа во замката нивниот бизнис да зависи од политиката. Апсурдот е во тоа што колку повеќе се држат до овој став се повеќе стануваат зависни од политиката.  
Првата промена на системот на поддршка е да не се поѓа од премисата дека постојните бинзиси во Македонија не растат бидејќи нешто немаат. Отсуството на растот е пред се зашто не што не прават и за тоа доминантни се  внатрешни причини, а не андворешната поддршка.  Имаат постоечкни производи но дали ги промовираат и нудат, имаат пазари но како се позиционирани имаат технологија но како ја користат? Со подршката за подобрување на акциите на менаџерите се намалува потребата  тие нешто да имаат за да го забрзат растот на бизнисот.  Растот е резултат на внесување исправни акции во постоечкиот бизнис и искористување на потенцијалот на постоечките производи и услуги.
Втората промена треба да овозможи поддршката да се однесува на  остварување на бизнис цели, а не на решавање проблеми. Единствено остварувањето на целите, посебно продажбата, овозможува раст на бизнисот, додека пак фокусирањето на решавање на проблеми резултира само со создавање на повеќе проблеми.  Секоја акција на менаџерот мора да биде мерлива во однос на придонесот за зголемување на продажбата и профитабилноста, критериум кој во сегашниот систем на поддршка ретко се користи.
Коучингот за зголемена продажба како поддршка на бизнисите воведува пристап кој се заснова на овие две нови премиси: поддршка на акциите на менаџерот  да ја менува својата околина наместо да се прилагодува на неа; и да поставува и решава проблеми во таквата околина кои водат до остварување на бизнис целите на претпријатието.
Со овој пристап менаџерот стекнува сознанија за неискористениот потенцијал на претпријатието и ги идентификува  акциите кои овозможуваат негово поголемо користење за зголемување на продажбата и/или профитот.
Коучингот за зголемена продажба е конципиран според методологија која обезбеди успех кај сите корисници на коучинг програмата. Дефинирана е обуката за стекнување способности на  коуч и јасен процес со структура на сесиите кои водат  до минимум 10% зголемување на продажбата.
Повеќе за програмата http://www.kreacija.org/coaching.html 
http://emagazin.mk/vesti/vest/34214?title=kouchingot--nadvoreshna-struchna-poddrshka--za-ostvaruvane-na-biznis-celi

0 Comments

Заедничкиот именител на сите (не)успеси  на микро, малите и средните претпријатија и како тој носи пресврт во  бизнисот.

5/22/2016

0 Comments

 
Picture
​Во последните години се поголем е бројот на менаџери и вработени во микро, мали и средни претпријатија (ММСП) што посетуваат семинари за разни теми поврзни со успехот на нивниот бизнис. Големата понуда на  обуки од домашни и странски тренинг организации  ги мобилизира ММСП да учествуваат на нив, а континурираниот професионален развој да се сфаќа како важен фактор за успешен бизнис.
ЗБК Креација учествува во овој процес и во последните четири години имаме испорачано преку 200 обуки за 2000 учесници на 10 теми за личен, професионален и бизнис развој. Спроведувајќи ја редовната шестмесечна проценка за  придобивките на учесниците од присуството на обуки (испорачано од ЗБК Креација или други тренинг организации) констатиравме дека и покрај големото задоволство од стекнатото знаење и вештини за време на обуките, учесниците не постигнуваат некои позабележителни резултати во нивниот бизнис.  Оние пак кои постигнале некое подобрување или успех не успеале тие придобивки да ги одржуваат континуирано. Оваа не поттикна малку подетелно да ги  истражиме причините за ваквата состојба кај ММСП. Првичните индикации беа дека менаџерите и вработените нецелосно ги применуваат стекнатите  знаења и вештини.
Затоа креиравме нова услуга за менторирање на  сопствениците и менаџерите на ММСП за примена на конретни алатки за водење на бизнисот согласно спецификите на дејноста. Во период од 2 години  услугата беше испорачана на 22 претпријатија (почетници во бизнисот, ММСП кои постојат 2-3 години и ММСП преку три години опстојување на пазарот). Во 2016, програмата за коучинг на пет жени претприемачи беше поддржана од страна на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability Programme) на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Swisscontact и Преда Плус. Оваа искуство ни помогна да го зголемиме процентот на раст на бизнисот на нашите клиенти, но ни помогна да го откриеме заедничкиот именител на неуспехот на сопствениците и менаџерите на МССП да постигнат брзи и забележителни резултати во растот на продуктивноста, продажбата и профитабилноста на бизнисот. Заедничко кај сите клиенти беше дека не ја разбират потребата од континуирано спроведување на основните  и клучни бизнис акции што функционираат како природни закони во секој бизнис.  Заедничкиот именител на (не)успехот е: јасна бизнис намера; интегрирана примена на 5 те клучни акции за ширење на бизнисот и искористување на потенцијалот –задоволни клиенти.
Сите ученици во менторската програма имаа проблем да ја дефинираат јасно нивната бизнис намера, или што сакаат континуирано да се случува во нивниот бизнис . Уште  поизненадувачки беше фактот дека ниту еден менаџер не ги извршуваше или немаше контрола на сите 5 клучни акции за реализирање на бизнис намерата. (најчесто тоа беа акциите под 3 и 4). Последниот факт  од  идентификуваниот заеднички именител за неуспехот беше занемарувањето и негрижата за задоволството на веќе услужените клиенти.
Примената на овие три компоненти на заедничкиот именител за успехот на секој бизнис им донесе брзи и зачудивачки резултати. Порастот на неделната продажба се зголеми во просек околу 30% , а кај микро претријатијата и за  100% .  Неколку учесници во програмата го искористија потенцијалот на задоволните клинети и стекнаа нови купувачи од странство. Но уште позначајно е дека овие постигнати резултати  се одржаа и во наредните недели.  Најчести коментари на менаџерите, кои под водство на коуч ја спроведуваа програмата, беа „ ова било толку едноставно“, „како не сум можел да го видам ова досега“ или „ да бе, кога успевав јас го правев сето ова ама не сум бил свесен дека ова ми носеше успех“.
Овие коментари не охрабрија коучинг програмата да ја промовираме во јавноста. Таа е фокусирана на сите три компоненти на заедничкиот именител за бизнис успехот.  Таа им помага на сопствениците и менаџерите на ММСП да го подигнат нивото на комуникација преку користење на  6 точки, кои овозможуваат бизнис намерата успешно да комуницира со околината и другите луѓе. Потоа  се подржуваат да ги интегрираат 5 клучни акции во нивниот бизнис, како континуиран процес за ширење на бизнисот, за на крај да се стави потенцијалот на задоволните клинети во функција на контируирано ширење на бизнисот на претпријатието. Секој дел од програмата е комбинација на работилница, за согледување на процесот и потребен број на коучинг сесии за примена на програмата во конретното претпријатие.
Програмата „Просперитет преку комуникација“  достапна е на веб страната http://www.kreacija.org/10571077108410801085107210881080.html
Заинтересираните кандидати можат да се пријават на creation@t.mk и risto@t.mk


0 Comments

ЖИВОТОТ Е ТЕЖОК АМА УБАВ

7/20/2015

0 Comments

 
Зошто животот некогаш ни изгледа тежок, а некогаш многу убав? Што е тоа што прави некогаш да се чувствуваме тешко во врска со нашето живеење, а некогаш да се чувствуваме полетно и радосно? Во првиот случај се повлекуваме од животот, а во вториот сакаме да се вклучиме што е можно повеќе. Секогаш кога живееме од тоа што другите ни го даваат (земаат) , нашиот живот ни изгледа тежок. А кога живееме од тоа што ние сме го дале се ни изгледа убаво. Причината за ова е што ние создаваме живот преку она што го даваме., а не преку тоа што го земаме. Сепак заеднички именител на тешкиот и убавиот живот е размената. Таа преставува комуникација со околината и другите луѓе, а се состои од давање и земање. Разменуваме зборови, идеи, производи, имот и доверба. Овие се работите што ги даваме и земаме во комуникацијата и размената со другите луѓе. Вие го креирате вашиот живот до оној степен до кој успевате да ја водите, насочувате и контролирате вашата размена со другите луѓе. Постојат ли правила за да стекнеме способност да управуваме со размената што ја правиме со другите луѓе, а со тоа да креираме живот каков што сакаме? Да , тоа и многу друг работи се учат во училиштата и на факултетите. Дали тоа ви помогнало во животот ? Ако не сте задоволни од животот сигурно има нешто што не сте го научиле. ВАШАТА РАЗМЕНА ГО КРЕИРА ВАШИОТ ЖИВОТ? Зошто во одреден период од животот поголем дел од луѓето се повлекуваат од размената со другите луѓе и престануваат да го креираат својот живот?. Дали вам ви се случува ова? Акциите што ги превземате секогаш се со намера да креирате нешто, добро или лошо. Во акциите, користите два вида на способности: • вродени (волја, чувства, сетила-гледаш, слушаш, мирисаш, зборуваш, допираш) • научени (читаш, помниш информации, стекнуваш знаење за некоја област и слично) Преку нив стекнувате сопствено искуство, кое ве мотивира да продолжите да превземате акции и да креирате живот или пак ве стопират да продолжите да превземате акции. Во моето 20 годишно искуство на подучување и менторирање согледав дека една од причините за ова е верувањето дека научените способности се супериорни во однос на вродените. Затоа постојано бараме нови знаења и методи за нешто да работиме., се додека не се умориме и не почнеме да се повлекуваме од животот. Но всушност , причината за повлекување од акции за креирање на животот е моментот кога целосно сме се предале на идејата дека за успех во животот потребни ни се само научените способности. Врз основа на искуството како консултант, тренер и ментор забeлежав дека вродените способности на човекот се помоќни и посупериорни од научените. Поединецот што се поттпира на научените способности има ограничен простор за напредок. тој може да учи, да тренира и да превзема акции но степенот на личниот раст и развој е лимитиран. Од друга страна, оние што се враќаат на користење на вродените способности брзо и на чудесен начин постигнуваат успеси и резултати што ги посакуваат. За ова мое тврдење имам многу примери во средината каде делувам. Ова е причината што прифатив предизвик да понудам алатки што ќе го насочат поединецот кон зголемување на задоволството од сопствениот живот преку поголемо користење на неговите вродени способности. Имајќи предвид дека 7/10 од животот човек троши на работа- бизнис,избрав алтките за креирање живот да ги прилагодам на оваа област. Затоа што степен на користење на вродените способности за креирање ефекти во животот, најочигледен е во постигнувањето резултати во професијата и/или бизнисот.Прирачникот ви овозможува да откриете зошто си се откажал од своите вродени способности да го постигнеш тоа што го сакаш.
0 Comments

НОВОГОДИШНА ИГРА НА КРЕАЦИЈА

12/28/2014

2 Comments

 
ЗБК Креација организира новогодишна игра на која може секој да учествува.  Играта се состои од три приказни после кои следи наградно прашање. Прочитајте ја приказната, а вашиот одговор на прашањето испратете го  на е- маил адресата:  creation@t-home.mk
За секој точен одговор ќе  ја добиете наградата наведена после наградното прашање. Може да испратите одговор само на едно, две или на сите три прашања, а доколку вашите одговори се точни ќе ги добиете  наградите што следат за тоа тоа прашање.
Играта трае до 31.12.2014 до 14,00 часот, а листата на наградените учесници ќе биде објавена на 2.01.2014 година , на веб страната на www.kreacija.org. Само на учесниците што испратиле одговори ќе им бидат доставени точните одговори на прашањата

Приказна 1- Што треба најмногу да користиме за успех?
Прептријатието АБВ кое долги години успешно  работело и секоја година бележело раст се соосчил со проблем на постојано намалување на производството. После сите неуспешни обиди самостојно да го реши проблемот   менаџментот  одлучил да повика консултант/експерт ( порано ги викале мудереци). Го избрале најдобриот и го повикале за помош.
Консултантот дошол и после само неколку поставени прашања за проблемот, го замолил менаџментот да му овозможат да прошета низ погоните. Тој со рацете во џеб само прошетал низ погоните гледајќи во  постројките и машините  . Тоа го направил  неколку пати и одденаш го земал пенкалото  од својот џеб, ставил крст на еден дел од постројката и им рекол: Сменете го овој дел и проблемот ќе биде решен. Менаџментот изненаден и вчудоневиден барал објаснувања, но експертот  единствено само инсистирал да го направат тоа што го барал. И навистина после промената на делот, производството почнало да расте во наредните дав дена. Менаџментот радосно се заблагодарил и го замолил експертот да им испрати фактура за услугата.
По враќањето дома тој им испратил фактура. Кога менаџментот ја отворил фактурата збеснал, гледајќи во износот од 10.000 долари. Веднаш напишале повратно писмо во кое побарале објаснување како е можно за едно ставање крст со пенкалото да се фактурира толку голема сума на пари.  Консултанот лубезно испратил нова фактура со извинување. Во неа било напишано следново: за пишување крст со пенкало= 1 долар, за знаењето каде да ставиш крст= 9.999 долари.


Наградно прашање1 : Со која  клучна способност експертот успешно го применил своето знаење?  
Награда за секој што ќе достави точен одговор: :  
  • Книга:  електронска верзија „Science of getting rich“ од авторот Wallace Wattles , врз основа на која се пишувани сите други книги за успех и богатење.
  • 10 часа бесплатно менторирање за усовршување на способноста, која е точниот одговор на поставеното прашање.

Приказна 2 Што не треба да користиме за да го добиме тоа што го сакаме?
Еден многу богат старец имал многу убава керќа, која имала многу додворувачи. За да го реши проблемот  старецот организирал забава за сите заинтересирани мажи. Во неговата куќа во дворот покрај огромен базен се собрале илјадници мажи. Тој им се обратил и рекол дека воопшто не се лути доколку интересот некој да сака да ја омажи неговата керќа е и неговото богатство. Затоа го организирал овој натпревар кој се состоил во следново: Кој ќе влезе во базенот, полн со огромни крокодили,  го преплива и излезе на другата страна ќе може да бира една од следните 3 работи: неговата земја; неговите пари или неговата керќа.
Само што ја завршил реченицата  се сушнал плусок во базенот, а некој упорно се борел да го преплива базенот. После некое време среќникот успеал да излезе од другата страна на базенот. Старецот пришол, му честитал и го прашал: „ја сакаш мојата земја?“ а тој луто  одговорил: „Не', Следело прашање на старецот било: А ги сакаш ли сите мои пари?, но и на тоа одгворот бил: „Не, бре будало!“, тогаш старецот радосен, мислејќи дека ја избрал керќа му, му се обратил: Значи овој храбар чин го направи бидејќи ја сакаш мојата керќа?  на тоа среќникот одговорил: Ма не ја сакам ни твојата керќа,  стара будало? Старецот целосно збунет го прашал: А што всушност сакаш ти? , а тој како од пушка му се издрал: Сакам да знам кој ме турна во базенот?

Наградно прашање 2 - Која е карактеристиката што го спречила среќникот да го земе тоа што го следувало откако  ја завршил задачата?
Награда за секој што ќе достави точен одговор: :  
  • Книга:  тврда копија: Стратегија на текстилната индустрија за настап на глобалниот пазар од Ристо Иванов.
  • Електронска верзија -Прирачник: Личен професионлан и бизнис развој од Ристо Иванов
  • 10 часа бесплатен коучинг за поставување цели за личен, професионален и бизнис развој

  Приказна 3- Која е главната состојка за креирање успех или неуспех во бизнисот?
Еден патник после долгото патување многу огладнел. Наишол на едно гатче , но немал пари да си купи јадење. Размислувал некое време и најпосле се сетил. Побарал и нашол  еден камен со крактеристичен изглед , го измил, влегол во првиот двор и тропнал на вратата на куќата. Излегла една домаќинка и го прашала што сака. Тој одговорил дека  продава камен од кој се подготвува прекрасна чорба. Таа зачудено одговорила дека првпат слуша дека  е можно од камен да се прави чорба.  Тој и рекол дека е сигурен дека досега таа нема јадено повкусна чорба, а доколку е заинтересирана може да ја проба. Таа  сакала да проба „чорба од камен“ но не знаела  дали го има тоа што е потребно. Патникот рекол дека е потребно само шпорет и лонец. Таа тогаш го поканила да влезе и да ја подготви.
Патникот го ставил каменот во лонецот, турил вода и го пуштил шпоретот. Домаќинката прашала:  И што сега? тој рекол : Ќе почекаме чорбата.да се свари  Поминало некое време, а патникот проговорил: Еее, ова ќе биде вкусна  чорба , но да имаше малку тестенини, ќе беше уште повкусна. Домаќинакта рекла: о па јас имам, отрчала, донела фиде , а патникот го ставил во лонецот. Поминало уште малку време а патникот повторно прокомнетирал: уште малку и готово, но да имаше и малку кормид , чорбата ќе беше чудесна.  Домаќинката рекла, О па јас немам кромид, но чекај комшивката има. Отрчала до неа, и рекла дека и требап кромид бидејќи учи да прави „чорба од камен“. Таа се согалсила да и даде но за возврат да дојде да ја проба  бидејќи никогаш досега не јадела таква чорба . Се вратиле заедно и патникот го ставил кромидот во лонецот. Потоа патникот го повторил својот коментра уште неколу пати, за зачин, малку мевце и кромпир . Домаќинката немала ништо од тоа, но другата комшивка, познавала пријателки и секоја од нив донела по нешто, а за возврат дошле да гледаат како се прави ваква чудна чорба.
Најпосле кога патникот обезбедил се што е потребно, рекол: „Е сега чорбата е готова и може да ја пробате“. Седнале  на масата, ја пробале ќорбата и сите извикале во ед
ен глас: „О,Навистина досега не сме јаделе ваква вкусна чорба“.  Патникот го изел својот дел и најаден  продолжил по својот пат.  

Наградно прашање 3 - Која  особина на луѓето ја искористил патникот за да ја направи „ чорбата од камен“ и да го добие својот ручек?

Напомена: Можни се 2 точни одговори, но доволен  еден точен одговор за да се добие наградата.
Награда за секој што ќе достави точен одговор: :  
  • Електронска верзија Прирачник: петте основни алатки за развивање на креативноста  
  • 10 часа бесплатен коучинг за развивање на креативноста за конкретен проблем
2 Comments

ШТО БИ ДОБИЛЕ АКО ГИ  ПОДОБРИТЕ ВАШИТЕ ВЕШТИНИ ЗА ПРОДАЖБА?

11/28/2014

0 Comments

 
Подобрувањето на  продажните вештини на 1% од вработените во Република Македонија кои не се бават со продажба  би предизвикал 5% зголемување на општествениот производ на Република Македонија.
Се сетив на овој податок кога пред некој ден еден учесник на моите семинари ми се обрати за помош. Неговото барање совет се однесуваше на следново: Која продажна стратегија да ја користам во мојот бизнис?  Се работи за млад човек со високо образование и добро теоретско знаење за научните сознанија за продажбата. Се прашував зошто не може да ги примени?

Примената на секоја науката е уметност. Уметноста е вештина и способност за: а) комуникација од која нешто произлегува и б) примена на техники за постигнување на резултат од комуникацијата. Притоа, првиот елемент на уметноста е секогаш поважен од вториот.
 Науката за продажбата ги дава правилата како одредени работи функционираат, но се разликуваат вештините на поединиците какви резултати постигнуваат со тоа штого пордаваат. Во мојата досегашна пракса на држење обуки сум сретнал многу млади луѓе што добро ја владеат теоријата, но со малку вештини истата да ја применат.  А од вештините за продажба директно зависи приходот на поединецот и организацијата за која работи.
Зошто поглемиот дел од луѓето во Република Македонија не сакаат да продаваат, а сепак сакаат да остваруваат приходи? Продажбата е испорака на помош на купувачот. Доколку некој не сака да продава тогаш тој: или не верува дека тоа што го продава некому ќе му помогне или не сака да остварува приход од свој труд, туку чека на некој друг да му обезбеди приход-пари.

Затоа како ментор, не ми беше лесно да  дадам едноставен одговор на прашањето на учесникот на семинарот за претприемништво и Бизнис планирање. Не затоа што одговорот не е едноставен туку затоа што истиот нема да се разбере во постојниот начин на размислување што се гради во нашата средина. Тој начин на размислување  поаѓа од тоа дека продажбата е пред се остварување приход-пари. И секој сам нека си носи одговорност што ќе купи и што смета дека ќе му помогне да ги оствари своите потреби и цели. Еднострана одговорност или еднонасочна комуникација.
Пристапот во продажбата може да се гради на два начина: како да дојдам до парите на купувачот (доминантен кај нас)  или како да креирам ефективна употреба на тоа што го продавам. Првиот пристап значи фокус на имање пари а вториот се фокусира на креирање вреднсоти. Уметноста во продажбата со првиот пристап резултира со комуникација која ја намалува креативноста на продавачот. Со вториот пристап уметноста во продажбата (комуникацијата)  резултира со креирање на успехот за купувачот преку задоволство, нов стил на однесување и грижа за идните негови потреби.

Уметноста на продажбата е уметност (способност) за креирање, кое произлегува од поголемата и почеста комуникација со другите луѓе. Со 10 % подбрени вештини за комуникација што резултирала во поголема креативност секој може да очекува зголемување на својот приход за најмалку 30 %. Ова е објаснувањето зошто секоја обука што се нуди од странските организации и проекти вклучува  „меки“ вештини (комуникација, презентација, тимска работа, решавање проблеми и сл). Вредноста и знаењето на поединецот за производство, промоција и испорака на производи/услуги е директно зависна од овие вештини.

Затоа ако 1% од вработените ги подобрат своите вештини  за креирање, Општествениот производ на Република Македонија ќе се зголеми за 5 % ( 500 милиони долари).

Многу обуки и предавања се одржани во Република Македонија во последните 10-20 години. Повеќе стотина илјади луѓе од сите возрасти ги имаат посетено и се запознале со техниките за постигнување резултати во тоа што го работат, преку користење на комуникациски вештини. Време е овие луѓе да ги применат тие техники и станат уметници во комуникацијата што резултира со продажба ( размена на вредности), за свое и за доброто на другите луѓе.

Јас знам дека сите ја имаат способноста да креираат продажба на македонските производи/услуги. А на вас е тоа да го направите.

0 Comments

Улогата на религијата и науката за развој на човековата свест

11/8/2010

0 Comments

 
За нешто да  се дефинира како религиозна филозофија , мора да исполни два услови:
Првиот услов е, да презентира дека човекот во овој свет многу страда и  дека не е слободен.
Вториот услов е, да се понудат начини како да се спаси од тоа страдање. Ако ги погледнете сите постојни религии, ќе видите дека сите ги имаат овие две работи како основа за нивното постоење.

A.Православната религија одговара на овој предизвик, во себе ги содржи и двете работи. Опстојала подолго зато што на посебен и свој начин, успеала да му помогне на човекот во неговото приближување до бога, односно до она што го прави различен од се друго што постои на земјината топка.
1.      За потврдување на религијата во однос на првиот услов, дека човекот страда на земјата, се користи минатото и сегашноста, се презентираат искуства на луѓе кои што во минатото, а и сега, се повеќе се мачат, се чуствуваат неслободни, немоќни во тоа да се изборат со предизвиците и искушенијата кои стојат пред нив.
2.      Во однос на вториот дел, да се понуди начин, како човек да го освести своето постоење и да стане свесен дека во него е моќта за спасението и обезбедување на слобода, се користат два метода.
2.1 Првиот метод е таканаречена теорија, во која што се содржани искуствата, знаењата произлезени од други луѓе. Православната религија ја користи Библијата, го користи Господ Исус Христос и сите свети луѓе, со нивните искуства да ја презентира целокупната теорија за тоа како оваа религија успеала во минатото да ги спасува луѓето и како успеала да опстане толку време на толку големи простори и да им помогне на толку голем број на луѓе. Со тоа се презентираат успесите, но истовремено се собира целокупното искуство, знаење, општи начела и принципи, кои што се составен дел на методите на спасување на човекот во рамки на таа религија. Православната религија своите тајни ги чува во црквата. Се што е создадено, се што е постигнато, се што луѓето имаат направено во нивното издигнување кон бога, како тајна е сочувана и се одржува во рамки на црквата. Во неа се ставени сите правила и принципи кои што би требало да се почитуваат доколку некој сака да со овој метод и на овој начин се приближи до бога.
2.2 Вториот момент е постоење на практично искуство кое што треба секој поединечно да го стекнува за да може да се движи по патот. Во вториот дел тајните кои што се добиваат од црквата, мора да се практикуваат за да може човек поединечно, сам, да стекне свое искуство, свој личен однос со боженственото со се што е духовно, светиот дух, и на тој пат тоа е само негова придобивка. Вториот дел не се коментира и не се разменува со другите луѓе, затоа што тој пат за секого е различен, за секој човек е посебен, единствено на располагање го има својот духовник кој што му помага да оди по тој пат на правилен начин и да ги применува тајните на соодветен начин.
Б. На религијата и се спротивставува науката, при тоа потенцирајќи дека има спротивставеност и разлика помеѓу нив. И науката тврди дека се грижи за продолжување на животниот век, подобар стил или квалитет на живеење, олеснување на маките на човекот на земјата и сето тоа го прави со откривање на законите на физичкиот универзум, откривање на техники и технологии, со кои човекот би ја остварил својата од бога дадена функција, да има власт над земјата и над се што е на земјата.
Каде е тогаш конфликтот, во што постои борба помеѓу религијата и науката? Во однос на првиот дел, постоењето на теорија, праксата на другите од минатото и собраното знаење за тоа што функционира, што не функционира, знаење за тајните кои што во науката се викаат закони? Не овде не постои конфликт бидејќи правилата кои овозможуваат да се предвидат идните настани во религијата се викаат тајни и мистицизам а во науката тие се наречени закони.
Законите му овозможуваат на човекот да биде во состојба да ги предвиди последиците од своите постапки. Улогата на тајните и законите е да му овозможат на човек да ги открие причините и последиците од своите постапки, а ако тоа може да го открие, значи може да ја предвиди иднината.
Првиот конфликт е кој подобро може да ја предвиди иднината, а предвидувањето се одвива на две различни полиња. Религијата предвидувањата за иднината ги темели на духовното или божествената природа на човекот, а науката предвидувањата на иднината ги темели врз материјалното или човековата природа, природата на човекот како материја.
Вториот конфликт е што религијата не сака да ги докажува нејзините методи, како што се молитва,  исповест итн. за да не ги набројуваме. Религијата не смета за потребно да  докажува дека  нејзините тајни функционираат за сите луѓе, и да се набројуваат искуствата  што луѓето ги доживеале (да ги кажуваат и да сведочат за функционирањето на тајните). Од друга страна  науката бара, за да може да биде нешто применето, зад тоа да стојат одреден број на луѓе, да се презентираат искуствата и да се види дека тие успеале. Кај науката тоа е полесно, може нешто да се докаже со гледање на материјалниот свет дали нешто функционира или не, меѓутоа во духовниот свет гледањето не е со очите туку со умот, и на тој начин постои проблем, дури и не е возможно да се докаже нешто од тој тип како што бара науката. Значи конфликтот е дали она во што човек верува, она што човек прави на планот на духовното, треба да го презентира и да го нуди во материјалниот свет. До тоа сознание имаат дојдено и науката и религијата, дека не може никако да се меша човековата природа со божествената природа.
Следниот момент на кој што се разликуваат или постои конфликт е што религијата посебно православната, одбива било каков контакт со материјалното, одбива било какво внимание да се посвети на материјалното. Науката пак одбива изричито во овој живот да се зборува за духовното или божественото. Тој конфликт трае, трае, трае и крајниот резултат што сакаат да го постигнат и едните и другите е кој ќе добие власт, примат, монопол над вистината. Сигурно има и други моменти кои ги разликуваат и прашања за кои се води битка помеѓу овие две работи, меѓутоа таа битка помеѓу човековата природа на личноста и духовната или божествената е долг период разговарана и постои тој конфликт.
Дали постои можност за помирување, прашање е сега? Она во што се помирија и науката и религијата или во што се согласуваат е дека личноста на поединецот, човекот е креатор и на едното и на другото. Креатор и на материјалното, креатор и на духовното. Се повеќе науката сваќа дека мислата, духот, емоцијата, желбите го креираат материјалниот свет. Тука се согласуваат со религијата која вели, за се што човек има околу себе, во себе и до себе, е тој сам виновен, дека никој друг не му е виновен и дека гревот е негов. Тука постои заеднички став. Во 2-1от век ќе преовладува тој заеднички момент на откривање на религијата и науката.
Што тогаш да прави обичниот поединец? Што да прави македонецот? Истото што го правел и до сега, од него зависи дали ќе сфати дека духовното доминира над материјалното и дека духовните закони или таканаречени тајни се тие што ја одредуваат неговата судбина, неговата околина и пред се неговата иднина.
И најважното од се во што се согласуваат и религијата и науката е дека минатото не мора да биде продолжение на иднината, и дека секој поединец бира дали ке продолжи да мисли и делува како што тоа го правел во минатото, или пак ќе одлучи да го прифати предизвикот и да ја почне борбата, минатото да не ја одредува неговата иднина. Тоа важи и за поединецот, тоа важи и за македонецот, како група, како народ, како нација, како носител на државноста.
Она под што се маскира минатото како одредувач на иднината е таканаречената традиција, таканаречената борба за слобода, таканаречените корени. Под тоа се маскира робството на еден човек и народ, да неговата положба не се подобри со тоа што му се нуди минатото како решение на иднината. Таа традиција, тоа ги довело до ова што се. Таа традиција мора да биде преиспитувана од аспект на тоа како влијаела на развојот на поединецот, со што придонела за развој на македонецот.
Ако таа традиција не носи резултати, таа не може да биде нити религиозна тајна нити научен закон. Зошто? Прво зошто не му ја предвидува иднината, а второ не може да обезбеди моќ, способност да самиот македонец и македонски народ одлучуваат за својата иднина. Само оние поединци и народи кои ги знаат тајните и законите на човековото постоење, на човековата креација, на човековата моќ и на човековиот пат до слобода, само тие можат да кажат дека ја превзеле одговорноста за себе и својот опстанок, својот живот и своето постоење. Без таа одговорност, религијата и науката се согласуваат во тоа, не е возможно човек да биде слободен и да биде човек. 21-от век треба да биде век на помирување на науката и религијата, и двете да се насочат кон поединецот, еден на еден да се промовира дека секој еден е моќен, и способен,  и секако може. Тој ( Македонецот) само треба да сака и да биде помогнат да се издигне од калта и да почне да ги користи духовните закони или религиозните тајни. Начините како тоа да се направи можат да се најдат и во религијата и во науката. И двете учат како човек да го пронајде доброто за себе и за другите, и како да прерасне во моќно суштество кое може да влијае на тоа што во животот треба да му  се случи,. Ова правило истото важи и за македонецот и за македонскиот народ. Оодлуката дали ќе ја превземе одговорноста е само негова.
Од што треба да се водиш кога сакаш да ја превземеш одговорноста, како да знаеш дали е нешто добро или не. Многу едноставно, се што те подучува и те насочува дека некој друг треба да направи нешто за тебе е погрешно. Сето она што подучува дека моќта е во тебе, сето она што те мотивира да направиш нешто, да се подобриш, да кај себе избереш што е тоа што ти носи добро  во едната и во другата област , материјалното и духовното, значи добро и за тебе и за другите. Сето она што те тера да чекаш, да бидеш настрана од животот, да не се вклучиш во тековите на животот, сето тоа те ограничува  не е добро за тебе. За македонецот и македонскиот народ суштински важно е да прифати да работи , да делува и да не остави друг ( влада, пријатели, менаџери) да го ограничува во превземањето иницијатива. Одлуката ( изборот) за добро е одговорност на секој поединец и на секој народ.

0 Comments

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ТВОЈАТА ОКОЛИНА? ДАЛИ СИ НЕЈЗИН РОБ ИЛИ КРЕАТОР?

9/3/2010

1 Comment

 
  Познат факт е дека 5% луѓе прават работите да се случат, 15 % следат што се случува  а останатите немаат поим зошто е така како што е.
Што се случува  денес во Македонија, во светот?  Кои се промените што ги живееме денес? Што треба да знаеме за да се справиме со нив? Модерната цивилизација почива на животинското во човекот . Во животинскиот свет владее правилото дека пониските врсти го подржуваат животот на повисоките видови созданија. На пример, животот  на човекот е подржан од растенијата и животните. Тие му обезбедуваат храна и енергија за да се движи и да поседува сила. Човекот нив ги јаде но истовремено и ги негува и одгледува бидејќи знае дека тие му се поддржувачи на опстанокот.
Дали истиот принцип важи и кај луѓето. Постојат слуги и газди, робови и господари, поданици и кралеви, работници и директори, народ и политичари.   Првите ги поддржуваат вторите., а вторите  ги негуваат и одгледуваат (со морков и стап) за тој однос да  трае што подолго.  Тој однос постои само со целосната согласност на двете страни. Дали и ти си направил ваква согласност со некој што се грижи за твојата егзистенција? Знаеш ли со кого и сакаш ли да го раскинеш?   

Двете крајности во одржување на тој однос надреден и подреден (владетел и владеан) се однесуваат на тоа кој ќе биде начинот на обезбедување на средства за живот (храна, живеалиште облека, образование, здравје, безбедност) на подредените (слуги, робови, поданици, работници, народ, граѓани). Првата крајност е сите создаваат за сите и трошат од сите а втората крајност е секој си создава и троши за себе.

Првиот начин го создал робовладетелството, социјализмот, комунизмот  додека пак вториот  бил основата на првобитната заедница, феудализмот и либералниот капитализам.

Каква околина имаш ти денес во Македонија? После комунизмот отпочна процесот на префрлање на обврските од државата (сите) кон тебе (поединецот-граѓанинот). Начинот на кој порано се создаваше од сите за  сите престана да постои а почнаа промени кои се нарекуваа реформи. Основата на таа реформа беше да ти ја префрлат обврската ти самиот да си  обезбедуваш  средства за живот (да си најдеш работа, да заработиш за храна, живеалиште, да си плаќаш за образование, здравство и сопствената безбедност). Тоа што не си подготвен и способен за тоа  не  го менува ниту пак го забавува започнатиот процес.

Така креираната и наметната околина предизвика многу поединци да потклекнат и да не успеат да се прилагодат на промените.  Тие и понатаму продолжија да го бараат тоа што го нема, некој друг да им обезбеди егзистенција (основата на секоја робовска филозофија). И сеуште се лажат дека таа околина ќе се врати.. За такво нешто им служат тврдењата дека можеш да се вработиш само ако си член на партија, и тоа  не било која туку член на владејачката партија.  

Во претходните текстови објаснив зошто, доколку вниманието ти е насочено во вистинска насока,  тебе не ти е потребно многу време за да се оспособиш сам да си обезбедуваш средства за живот.  Овде ќе се осврнам повеќе на тоа како не ти беше овозможено да го постигнеш тоа.  Кога почнаа твоите проблеми од новата околина, твоето и вниманието на другите како тебе им беше свртено кон тоа  колку се добри и чесни надредените (политичарите).  Тие се посочуваа како виновници доколку тебе не ти беше добро во животот.  Односно постојано твојот ум беше потхрануван со мисли дека некој друг треба да ти ја обезбеди основната егзистенција. Тој начинот на размислување те задржува на нивото на подреден  и манипулиран. Од тоа ниво ти не се осмелуваш да помислиш дека имаш потенцијал сам да се избориш за она што ти треба во животот. 

Зошто овој начин на размислување е погрешен за тебе. Затоа што  мислите со кои се согласуваш  се одговорни за твојот живот. Мислите се причина за се што ти се јавува како состојба во животот.  Па така, ако мислиш дека некој друг треба да се грижи за тебе  тогаш твоите акции се кон барање на таква личност или група на личности (партии). Таквите акции ќе имаат за последица тропање од врата на врата, слушање многу оправдувања или ветувања и чекање нештата да се случат. Додека чекаш ти не создаваш, а ако не создаваш нема да имаш што да разменуваш со другите. 

Спротивен начин на размислување е да се свртиш кон себе, да ги откриеш твоите способности, да си ја повратиш довербата во себе и да почнеш да создаваш вредности што ќе ги разменуваш со другите луѓе.

Значи во истата околина ти можеш да избереш помеѓу неколку начини на размислување. Секој од нив има различни последици по тебе.  

Те повикуваме да се приклучиш на заедницата на КРЕАЦИЈА, организација посветена на градење на заедница на луѓе  кои сакаат да го прекинат односот надредени и подредени и да овозможи потенцијалот на личноста и неговите достигнувања да му го одредуваат квалитетот на животот.
creation@t-home.mк

 

 

1 Comment

СЕКОЈ ЧОВЕК УСПЕВА ВО ТОА ШТО ГО РАБОТИ

8/15/2010

0 Comments

 
           Човекот одамна открил дека има ум и дека може да мисли,.Сфатил дека неговиот ум е неговото најсилно оружје. Но која е таа идеална состојба на неговиот ум во која тоа оружје  е намоќно во решавањето на проблемите на постоењето?
            Не постои ништо пофлексибилно од човековата способност да мисли и верува. Неговиот капацитет (способност да искуси нешто) за промени е речиси неограничен. Значи природата на човекот и состојбата на умот насекаде во светот, па и во Македонија, може потполно да се промени и тоа за временски период од само неколку години. (за ова има многу примери во човековата историја:-ширењето на христијанството;-исламот;-крстоносните вони;-револуционерните движења;-идејата за комунизмот и сл).Штом луѓето се менувале во толкав голем број тогаш менувањето на еден човек би било речиси едноставно. И тоа е точно. Секој , па и ти, има искуство дека се менувал во текот на неговиот живот.
            Што треба човек да знае за да може за само неколку недели да постигне значајни подбрувања:
            1. Човекот е навикнат на промени. Бистрината и способноста на твојот ум се намалуваат кога ти чувствуваш дека мора да протестираш против промената. А треба ли да протестираш што твојата околина се менува секој ден?
            2. Човекот е успешен. ( Потоа рече Бог „ да создадеме човек според нашиот образ и подобие... кој ќе биде господар.... над целата земја и над се што се движи по земјата“,Прва книга Мојсеева,1.26) Ова е очигледно бидејќи човекот опстојува до денес. И тој е успешен бидејќи има власт и може да менува. Твоја цел е освојување на околината. Кога не си успешен во освојување и контрола на твојата околина направи промена во формата и методите и врати го повторно твоето владеење.
            3. Човекот не се прилагодува на околината. Тој ја прилагодува околината на себеси. Во тоа лежи твојот успех. Кога ти нема да успееш да ја прилагодиш околината, кога ти заостануваш во контролата на твојата околина ти се менуваш себеси или твоите идеи се додека повторно не можеш да ја менуваш околината.
            Но зошто обие три големи квалитети на човекот, засновани на моќта на неговиот ум, не функционираат кај најголем број на поединци. Функционираат ли кај тебе?
            Поради грижите за сопствениот ум и состојбата на постоење, како и поради неговиот напор да ги контролира другите, човекот присвоил робовска филозофија. Секоја личност која измислува или користи ваква филозофија всушност се стреми да се ослободи од тоа наметнато ропство и со некој свој изум силата на другите да ја анулира. Ова на крај води до стапица  за самиот корисник.
            Очигледен закон, а не мислење, е дека оној кој ги поробува и ограбува сопствените пријатели на крајот и самиот станува поробен и ограбен.
            Подучувањата дека човекот треба да се прилагодува на неговата околина, а не  да ја прилагоди неа на себе, е токму таква робовска филозофија и не е корисна- само затоа што е спротивна на вистината.
            Обидите за поробување произлегуваат од стравот, кој е предизвикан од загубата на самодоверба  во сопствената способност да се успее. Така е созададен овој наш свет во кој самодовербата се бара преку ограбување на другите. Тоа е почетокот на пропаѓање на општествата.
            Секој може да се ослободи од робовската филозофија која настанала во моментот кога ти си престанал да ги решаваш проблемите на твоето постоење  и си посакал некој друг да се грижи за нив.
            Затоа врати се и ти кон врвните, од Бога дадени, човечки квалитети (навикни се на промени, владеј со промените, менувај се за да ја промениш твојата околина).
            Променливи решенија за разбирање на горенаведното побарајте преку  creation@t-home.mk 

0 Comments

ЗОШТО И ШТО ДА УЧИШ ?

8/9/2010

0 Comments

 
Пред некој ден пресметував колку време сум потрошил да научам како се подесуваат каналите на ТВ, како се користи далечинскиот управувач, како работи радиото во новата кола, подесувањето на новиот тип на мобилен. Да не набројувам за времето поминато да научам како работат програмите на компјутерот, електронската пошта, интернет и сл. Навистина доста време поминато во учење на новите направи кои ни донесоа технолошки напредок и полесен живот.
Првите 20-тина години од животот на секој човек поминуваат во учење и стекнување на образование.
Долго време си поминал во учење и најчесто не си се лутел што тоа го правиш. Значи нешто те тера да учиш и знаеш дека тоа ти треба. Податоците што ги добиваш со учењето ги сметаш за потребни за да имаш подобри одлуки и акции поврзани со твојата работа и живот. Значи за да можеш да дојдеш до нови податоци и информации првиот услов е да сакаш да учиш. Тогаш си подготвен да откриваш нови податоци и знаење што ќе ти ги отворат видиците за подобри решенија поврзани со твојот живот. Но сето ова има смисла за тебе и те прави витален само доколку доаѓаш до знаење кое можеш да го примениш во секојдневниот живот и со неговата примена подобро се снаоѓаш и опстануваш во животот.
Зошто чувствуваш дека учењето и знаењето се решение за твојот опстанок и квалитетен живот? Што се случува кога учиш и доаѓаш до нови податоци? Би можел лесно ти и секој друг да даде одговор на овие прашања доколку постои, како што има кај технолошките направи што ги купуваш (ТВ, компјутер, автомобил, мобилен и др.), упатство за начинот на функционирање на човекот. Но ти кога се раѓаш не добиваш и упатство како ти функционираш. Животните добиваат во наследство нешто (способност за летање, канџи, остри заби, големо тело и сл.) со чие користење опстануваат во средината каде живеат. Но човекот нема ништо од тоа. Но затоа има нешто што ниедно друго животно го нема: свесност и ум. И се што целиот живот го правиш е да ја откриеш моќта содржана во тие две нешта. Моќ што те прави различен и посилен во однос на се животинско.
Основата на учењето е да го направиш умот посвесен и поподготвен да ги решава твоите проблеми. Податоците што му ги даваш го прават посилен и послаб во однос на околината. Вистинското и применливо знаење му помага да ги решава твоите секојдневни потреби. Значи основата на твоето учење е да го оспособиш умот за носење на вистински одлуки. Умот е тој што учи и тој што треба да го користи добиеното знаење.
И види апсурд. Тој што е најодговорен за решавање на животните проблеми добива најмалку од твоето внимание. Ти треба да се свртиш кон изворот на твојата креативност, твојот ум, и да научиш како тој функционира. Тоа е основата на секое, па и твоето, знаење. Не смееш да бидеш како многумина кои трчаат по знаење а не знаат како функционира носителот на знаењето и како тој носител, умот, го користи за да решава проблеми. Научи како функционира умот и секое знаење ти е на дланка.
Како да оцениш дека е вистинско време да почнеш да учиш за умот? Постави си едноставно прашање: Дали се прилагодувам на околината или сум способен да ја прилагодам околината на моите цели? Не се прилагодувај на средината туку искористи ја моќта што ти е дадена како човек да ја менуваш, да имаш власт над сé па и над средината во која живееш.
Постојат начини, техники, алатки да го научиш тоа.
creation@t-home.mk
0 Comments

ЗНАЕШ ЛИ КАКО ДА СИ СРЕЌЕН ?

8/6/2010

0 Comments

 
Во минатиот текст споменав дека не се чувствуваш среќен и задоволен кога не си способен да ги поднесеш состојбите што постојат. Тоа е најсоодветната дефиниција за несреќа: неспособност да се соочи тоа што постои.
Постојат четири основни лични работи за кои ти треба да се грижиш, да поставуваш цели и да постигнуваш личен развој? Како го остваруваш тоа истовремено стануваш се повеќе и повеќе среќен. Тоа се: здравјето, времето, парите и пријателите. Си размислувал ли како, додека си сега сосема здрав, да ја примениш формулата времето е пари? Дали некој ти објаснил како времето се трансформира во пари. И на сето ова како користејќи ја формулата за среќа да стекнуваш се повеќе и повеќе пријатели.
Колку и да ти изгледа невозможно да го научиш ова не се откажувај. Вистинското и корисното знаење не се стекнува лесно. Но неговата примена ти овозможува да ги решиш проблемите. Корисноста на знаењето се мери според тоа колку ти овозможува да ги соочиш со животни проблеми и колку ти обезбедува квалитетно живеење.
Постојат правила за среќно живеење. Едно од нив е да бидеш способен да искусиш се. За да стекнеш знаење од тоа потребно е да можеш нештата да ги видиш, измериш и почувствуваш.
Искуси го знаењето да управуваш со своето здравје, време, пари и пријатели.
creation@t-home.mk
0 Comments
<<Previous

    ЗБК КРЕАЦИЈА

    Никола Парапунов 41 
    1000 Скопје, Република Македонија
    Тел.факс 00 389 2 3216 903
    creation@t.mk

    Archives

    March 2017
    May 2016
    July 2015
    December 2014
    November 2014
    November 2010
    September 2010
    August 2010

    Categories

    All
    Freedom
    Philosofy
    Religion
    Science

    RSS Feed

    View my profile on LinkedIn