Подобрувањето на продажните вештини на 1% од вработените во Република Македонија кои не се бават со продажба би предизвикал 5% зголемување на општествениот производ на Република Македонија.
Се сетив на овој податок кога пред некој ден еден учесник на моите семинари ми се обрати за помош. Неговото барање совет се однесуваше на следново: Која продажна стратегија да ја користам во мојот бизнис? Се работи за млад човек со високо образование и добро теоретско знаење за научните сознанија за продажбата. Се прашував зошто не може да ги примени?
Примената на секоја науката е уметност. Уметноста е вештина и способност за: а) комуникација од која нешто произлегува и б) примена на техники за постигнување на резултат од комуникацијата. Притоа, првиот елемент на уметноста е секогаш поважен од вториот.
Науката за продажбата ги дава правилата како одредени работи функционираат, но се разликуваат вештините на поединиците какви резултати постигнуваат со тоа штого пордаваат. Во мојата досегашна пракса на држење обуки сум сретнал многу млади луѓе што добро ја владеат теоријата, но со малку вештини истата да ја применат. А од вештините за продажба директно зависи приходот на поединецот и организацијата за која работи.
Зошто поглемиот дел од луѓето во Република Македонија не сакаат да продаваат, а сепак сакаат да остваруваат приходи? Продажбата е испорака на помош на купувачот. Доколку некој не сака да продава тогаш тој: или не верува дека тоа што го продава некому ќе му помогне или не сака да остварува приход од свој труд, туку чека на некој друг да му обезбеди приход-пари.
Затоа како ментор, не ми беше лесно да дадам едноставен одговор на прашањето на учесникот на семинарот за претприемништво и Бизнис планирање. Не затоа што одговорот не е едноставен туку затоа што истиот нема да се разбере во постојниот начин на размислување што се гради во нашата средина. Тој начин на размислување поаѓа од тоа дека продажбата е пред се остварување приход-пари. И секој сам нека си носи одговорност што ќе купи и што смета дека ќе му помогне да ги оствари своите потреби и цели. Еднострана одговорност или еднонасочна комуникација.
Пристапот во продажбата може да се гради на два начина: како да дојдам до парите на купувачот (доминантен кај нас) или како да креирам ефективна употреба на тоа што го продавам. Првиот пристап значи фокус на имање пари а вториот се фокусира на креирање вреднсоти. Уметноста во продажбата со првиот пристап резултира со комуникација која ја намалува креативноста на продавачот. Со вториот пристап уметноста во продажбата (комуникацијата) резултира со креирање на успехот за купувачот преку задоволство, нов стил на однесување и грижа за идните негови потреби.
Уметноста на продажбата е уметност (способност) за креирање, кое произлегува од поголемата и почеста комуникација со другите луѓе. Со 10 % подбрени вештини за комуникација што резултирала во поголема креативност секој може да очекува зголемување на својот приход за најмалку 30 %. Ова е објаснувањето зошто секоја обука што се нуди од странските организации и проекти вклучува „меки“ вештини (комуникација, презентација, тимска работа, решавање проблеми и сл). Вредноста и знаењето на поединецот за производство, промоција и испорака на производи/услуги е директно зависна од овие вештини.
Затоа ако 1% од вработените ги подобрат своите вештини за креирање, Општествениот производ на Република Македонија ќе се зголеми за 5 % ( 500 милиони долари).
Многу обуки и предавања се одржани во Република Македонија во последните 10-20 години. Повеќе стотина илјади луѓе од сите возрасти ги имаат посетено и се запознале со техниките за постигнување резултати во тоа што го работат, преку користење на комуникациски вештини. Време е овие луѓе да ги применат тие техники и станат уметници во комуникацијата што резултира со продажба ( размена на вредности), за свое и за доброто на другите луѓе.
Јас знам дека сите ја имаат способноста да креираат продажба на македонските производи/услуги. А на вас е тоа да го направите.