Следете не на
КРЕАЦИЈА - ЗНАЕЊЕТО ВО АКЦИЈА
  • Активности
  • Интелектуални продукти
  • Проекти
    • SEEtheSKILLS- HORISON 2020
    • TRAINEE- HORISON 2020
    • Пристап до странски пазари за ракотворби
    • Be Digitalised - Интернет платформа
    • Пертнерство помеѓу ГО и бизнисите
  • Програма на Обуки 2020
    • Обуки за Дигитални вептини
    • Обуки за Консултанти
    • Регистрација за обуката
    • Обуки за Бизниси
    • Регистрација за Фирми
  • Соработка со НВО
    • Членство
  • Креативност
    • Публикации >
      • Галерија
      • Consulting Products >
        • Publications
  • Продавница
    • Содржина на Обуката

Креативноста се учи

Нашиот живот е ехо и слики на нашите мисли и емоции. 
Знаење-познавање на  некој или нешто, вклучува податоци, информации, опис или вештини стекнати преку искуство или образование. 

РИПНИ

СЕКОЈ ЧОВЕК УСПЕВА ВО ТОА ШТО ГО РАБОТИ

8/15/2010

0 Comments

 
           Човекот одамна открил дека има ум и дека може да мисли,.Сфатил дека неговиот ум е неговото најсилно оружје. Но која е таа идеална состојба на неговиот ум во која тоа оружје  е намоќно во решавањето на проблемите на постоењето?
            Не постои ништо пофлексибилно од човековата способност да мисли и верува. Неговиот капацитет (способност да искуси нешто) за промени е речиси неограничен. Значи природата на човекот и состојбата на умот насекаде во светот, па и во Македонија, може потполно да се промени и тоа за временски период од само неколку години. (за ова има многу примери во човековата историја:-ширењето на христијанството;-исламот;-крстоносните вони;-револуционерните движења;-идејата за комунизмот и сл).Штом луѓето се менувале во толкав голем број тогаш менувањето на еден човек би било речиси едноставно. И тоа е точно. Секој , па и ти, има искуство дека се менувал во текот на неговиот живот.
            Што треба човек да знае за да може за само неколку недели да постигне значајни подбрувања:
            1. Човекот е навикнат на промени. Бистрината и способноста на твојот ум се намалуваат кога ти чувствуваш дека мора да протестираш против промената. А треба ли да протестираш што твојата околина се менува секој ден?
            2. Човекот е успешен. ( Потоа рече Бог „ да создадеме човек според нашиот образ и подобие... кој ќе биде господар.... над целата земја и над се што се движи по земјата“,Прва книга Мојсеева,1.26) Ова е очигледно бидејќи човекот опстојува до денес. И тој е успешен бидејќи има власт и може да менува. Твоја цел е освојување на околината. Кога не си успешен во освојување и контрола на твојата околина направи промена во формата и методите и врати го повторно твоето владеење.
            3. Човекот не се прилагодува на околината. Тој ја прилагодува околината на себеси. Во тоа лежи твојот успех. Кога ти нема да успееш да ја прилагодиш околината, кога ти заостануваш во контролата на твојата околина ти се менуваш себеси или твоите идеи се додека повторно не можеш да ја менуваш околината.
            Но зошто обие три големи квалитети на човекот, засновани на моќта на неговиот ум, не функционираат кај најголем број на поединци. Функционираат ли кај тебе?
            Поради грижите за сопствениот ум и состојбата на постоење, како и поради неговиот напор да ги контролира другите, човекот присвоил робовска филозофија. Секоја личност која измислува или користи ваква филозофија всушност се стреми да се ослободи од тоа наметнато ропство и со некој свој изум силата на другите да ја анулира. Ова на крај води до стапица  за самиот корисник.
            Очигледен закон, а не мислење, е дека оној кој ги поробува и ограбува сопствените пријатели на крајот и самиот станува поробен и ограбен.
            Подучувањата дека човекот треба да се прилагодува на неговата околина, а не  да ја прилагоди неа на себе, е токму таква робовска филозофија и не е корисна- само затоа што е спротивна на вистината.
            Обидите за поробување произлегуваат од стравот, кој е предизвикан од загубата на самодоверба  во сопствената способност да се успее. Така е созададен овој наш свет во кој самодовербата се бара преку ограбување на другите. Тоа е почетокот на пропаѓање на општествата.
            Секој може да се ослободи од робовската филозофија која настанала во моментот кога ти си престанал да ги решаваш проблемите на твоето постоење  и си посакал некој друг да се грижи за нив.
            Затоа врати се и ти кон врвните, од Бога дадени, човечки квалитети (навикни се на промени, владеј со промените, менувај се за да ја промениш твојата околина).
            Променливи решенија за разбирање на горенаведното побарајте преку  creation@t-home.mk 

0 Comments

ЗОШТО И ШТО ДА УЧИШ ?

8/9/2010

0 Comments

 
Пред некој ден пресметував колку време сум потрошил да научам како се подесуваат каналите на ТВ, како се користи далечинскиот управувач, како работи радиото во новата кола, подесувањето на новиот тип на мобилен. Да не набројувам за времето поминато да научам како работат програмите на компјутерот, електронската пошта, интернет и сл. Навистина доста време поминато во учење на новите направи кои ни донесоа технолошки напредок и полесен живот.
Првите 20-тина години од животот на секој човек поминуваат во учење и стекнување на образование.
Долго време си поминал во учење и најчесто не си се лутел што тоа го правиш. Значи нешто те тера да учиш и знаеш дека тоа ти треба. Податоците што ги добиваш со учењето ги сметаш за потребни за да имаш подобри одлуки и акции поврзани со твојата работа и живот. Значи за да можеш да дојдеш до нови податоци и информации првиот услов е да сакаш да учиш. Тогаш си подготвен да откриваш нови податоци и знаење што ќе ти ги отворат видиците за подобри решенија поврзани со твојот живот. Но сето ова има смисла за тебе и те прави витален само доколку доаѓаш до знаење кое можеш да го примениш во секојдневниот живот и со неговата примена подобро се снаоѓаш и опстануваш во животот.
Зошто чувствуваш дека учењето и знаењето се решение за твојот опстанок и квалитетен живот? Што се случува кога учиш и доаѓаш до нови податоци? Би можел лесно ти и секој друг да даде одговор на овие прашања доколку постои, како што има кај технолошките направи што ги купуваш (ТВ, компјутер, автомобил, мобилен и др.), упатство за начинот на функционирање на човекот. Но ти кога се раѓаш не добиваш и упатство како ти функционираш. Животните добиваат во наследство нешто (способност за летање, канџи, остри заби, големо тело и сл.) со чие користење опстануваат во средината каде живеат. Но човекот нема ништо од тоа. Но затоа има нешто што ниедно друго животно го нема: свесност и ум. И се што целиот живот го правиш е да ја откриеш моќта содржана во тие две нешта. Моќ што те прави различен и посилен во однос на се животинско.
Основата на учењето е да го направиш умот посвесен и поподготвен да ги решава твоите проблеми. Податоците што му ги даваш го прават посилен и послаб во однос на околината. Вистинското и применливо знаење му помага да ги решава твоите секојдневни потреби. Значи основата на твоето учење е да го оспособиш умот за носење на вистински одлуки. Умот е тој што учи и тој што треба да го користи добиеното знаење.
И види апсурд. Тој што е најодговорен за решавање на животните проблеми добива најмалку од твоето внимание. Ти треба да се свртиш кон изворот на твојата креативност, твојот ум, и да научиш како тој функционира. Тоа е основата на секое, па и твоето, знаење. Не смееш да бидеш како многумина кои трчаат по знаење а не знаат како функционира носителот на знаењето и како тој носител, умот, го користи за да решава проблеми. Научи како функционира умот и секое знаење ти е на дланка.
Како да оцениш дека е вистинско време да почнеш да учиш за умот? Постави си едноставно прашање: Дали се прилагодувам на околината или сум способен да ја прилагодам околината на моите цели? Не се прилагодувај на средината туку искористи ја моќта што ти е дадена како човек да ја менуваш, да имаш власт над сé па и над средината во која живееш.
Постојат начини, техники, алатки да го научиш тоа.
creation@t-home.mk
0 Comments

ЗНАЕШ ЛИ КАКО ДА СИ СРЕЌЕН ?

8/6/2010

0 Comments

 
Во минатиот текст споменав дека не се чувствуваш среќен и задоволен кога не си способен да ги поднесеш состојбите што постојат. Тоа е најсоодветната дефиниција за несреќа: неспособност да се соочи тоа што постои.
Постојат четири основни лични работи за кои ти треба да се грижиш, да поставуваш цели и да постигнуваш личен развој? Како го остваруваш тоа истовремено стануваш се повеќе и повеќе среќен. Тоа се: здравјето, времето, парите и пријателите. Си размислувал ли како, додека си сега сосема здрав, да ја примениш формулата времето е пари? Дали некој ти објаснил како времето се трансформира во пари. И на сето ова како користејќи ја формулата за среќа да стекнуваш се повеќе и повеќе пријатели.
Колку и да ти изгледа невозможно да го научиш ова не се откажувај. Вистинското и корисното знаење не се стекнува лесно. Но неговата примена ти овозможува да ги решиш проблемите. Корисноста на знаењето се мери според тоа колку ти овозможува да ги соочиш со животни проблеми и колку ти обезбедува квалитетно живеење.
Постојат правила за среќно живеење. Едно од нив е да бидеш способен да искусиш се. За да стекнеш знаење од тоа потребно е да можеш нештата да ги видиш, измериш и почувствуваш.
Искуси го знаењето да управуваш со своето здравје, време, пари и пријатели.
creation@t-home.mk
0 Comments

ВИ ТРЕБА ЛИ КРЕАТИВНОСТ ДЕНЕС?

8/5/2010

0 Comments

 
Во време кога ги имате решенијата за секој можен проблем ви треба ли вашата вродена способност да креирате. Производи од секаков вид ви го осмислија животот и ви создадоа навики кои мора да ги следите доколку сакате да “опстанете„. Се држите за нив бидејќи сметате дека тоа ви овозможува квалитет на живеење и повисок стандард. Да, навистина ви обезбедува!
Сепак најголемиот дел од Вас делува несреќно или поедноставно кажано не сте задоволни. Да се чувствувате несреќно всушност значи дека не сте подготвени да го прифати тоа што постои. Да, не сакате да прифатите дека немате работа, дека платата ви е помала од трошоците за живеење и дека се помалку ги барат вашите услуги. Причината за ваквото однесување е што сметате дека таа состојба не е ваша одговорност и ја префрлате на некој друг: -околината; - пријателите;- општината и владата.
Сте избрале да се откажете од одговорноста да го добиете тоа што ви треба. Но тоа во крајна линија е откажување од одговорноста да го обезбедите тоа што ви треба за живот, или откажување од одговорноста за вашиот живот.
Потребата за креативност ќе ви се врати кога ќе изберете да ја превземете одговорноста за постигнување на вашите цели. Потпирањето на креативноста е почеток на еден поинаков однос кон Вас самите. Ќе се одважите да посакате да ја менувате околината во која се наоѓате а ќе престанете да се прилагодувате на неа бидејќи така досега ви кажувале дека е единствено исправно.
Прашувате дали можете да научите да бидет креативни? Да, тоа се учи. Вие само одлучувате кои цели сакате да ги постигнете и почнувате да откривате какава помош Ви е потребна за да ги промените состојбите кои сега ве спречуваат да го постигнете тоа.
Во „Креација“ развиени се применливи знаења за тоа како да ја ги зголемите вашите шанси за вработување, поголема плата или поголем приход на вашето претпријатие. Креација е местото каде можете да почнете. Доколку имате прашања или интерес да се вклучите во нашите програми обратете се на маил creation@t-home.mk или со дискусија на овој текст.
0 Comments

Вистински луѓе со вистински решенија, Лидери на промени

8/5/2010

0 Comments

 
Што те менува?Кој ја води промената што се случува кај тебе? Често очекуваш промена и секогаш на подобро. Но кој ја предизвикува неа. Ти самиот. Ти си лидерот на тоа што ти се случува!?
Она што треба да го знаеш е дека  Лидерството не е вроден талент. Тој се учи како се останато. Значи можеш и ти да научиш како да се водиш во животот.
Тоа се причините зошто го започнавме овој блог каде со повеќе текстови ќе се обидеме да го зголемиме интересот кај тебе за знаење кое ќе ги подобри твоите лидерски способности и ќе го зајакне твојот капацитет за осмислување и реализиарање на промена.
Пиши ни доколку имаш посебни прашања и коментари за тоа што те интересира за лидерството, креативноста, знаењето и стекнувањето на способност за промени.
0 Comments

    ЗБК КРЕАЦИЈА

    Никола Парапунов 41 
    1000 Скопје, Република Македонија
    Тел.факс 00 389 2 3216 903
    creation@t.mk

    Archives

    March 2017
    May 2016
    July 2015
    December 2014
    November 2014
    November 2010
    September 2010
    August 2010

    Categories

    All
    Freedom
    Philosofy
    Religion
    Science

    RSS Feed

    View my profile on LinkedIn