Повик
за пријавување на кандидати за асесори/оценувачи за Сертификатот
ФЕР со Потрошувачо
1.Цел на повикот
Избор на 10 асесори/оценувачи кои ќе бидат вклучени во процедурите за издавање на сертификатот „ ФЕР со ПОТРОШУВАЧОТ“
2.Цел на проектот
Проектот ќе развие и промовира иновативен модел за соработка меѓу граѓанскиот и бизнис секторот преку воведување сертификат за фер однос кон потрошувачите, што ќе го доделуваат граѓански организации како услуга насочена кон бизнис заедницата.
Во процесот на сертификација се вклучени 11 граѓански организации кои имаат добиено грант за имплементација на сертификатот во нивната општина и регионот на вкупно 33 претпријатија. Во постапката на издавање на сертификатот се вклучени оценувачи кои вршата проверка и потврдуваат дека граѓанските организации и верификаторите за спровеле воспоставаната постапка во рамки на претпријатието. Повеќе на www.conusmerfriendly.mk
3.Спроведување на активностите и очекувани резултати
Од асесорите се очекува да учествуваат на обука ( процедурите за издавање на сертификатот и процесот на оценување на поднесените извештаи од граѓанските организации) и да се вклучат во оценувањето на минимум 33 верификациски извештаи за добивање на сертификатот „ Фер со Потрошувачот“.
Со оценувачите ќе се склучи авторски договор за нивниот ангажман во оценувањето на апликациите за добивање сертификат.
4.Начин на пријавување и избор
Заинтересираните кандидати треба да ги достават документите за пријавување исклучиво во електронска форма на [email protected] (со назнака: повик за асесори/оценувачи заклучно со 24.05.2017 г. Документите за пријавување вклучуваат: (а) Професионална биографија; и (б) Мотивациско писмо;
Експертот ќе се избере врз основа на следниве критериуми: (1)Високо образование, (2)минимум 3 годишно искуство како експерт или консултант. Искуство во областа или во процедури за сертификација ќе се смета за предност.
За сите дополнителни прашања или појаснувања во врска со повикот, ве молиме обратете се до [email protected]

РАНГ ЛИСТА
НА ДОДЕЛЕНИ ГРАНТОВИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ
„Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиските средства“
- Здружение – Институт за стратешки истражувања и едукација ИСИЕ Скопје, Проект за сертифицирање на претпријатија за фер однос кон потрошувачите во Скопскиот и Полошкиот плански регион
- ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ НА БИТОЛА Проект:Со внимание кон потрошувачите и животната средина до поголема препознатливост на пазарот
- Институт за динамичен развој СФЕРА - НОВА, Проект Потрошувачот на прво место
- Здружение ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ НА ОХРИД,Проект: Биди фер
- Здружение ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ НА ШТИП Штип,Проект: Сплотени заедно за промени
- Здружение на Организација на потрошувачите на Кочани , Проект Соработуваме заедно
- Асоцијација за граѓанска толеранција и соработка на Општина Прилеп, Проект Повеќе од лист хартија
- Елипса Куманово, Проект Со иновација до бизнис фер комуникација
- Здружение на новинари за човекови права Скопје
- Организација ОРТ обука за одржлив развој Скопје, Проект Алтернативна еко туристичка мрежа
- Центар за женски права ЕТИКА Гостивар, Проект Зголемување на соработката меѓу ГО и бизнис секторот во Гостивар и Врапчиште
Повик за прибирање понуди за услуга за изработка на софтвер за прием, регистрација и справување со жалби на потрошувачите и водење соодветен електронски регистар
Преку стручна поддршка на Проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“ (Проектот) предвиден е ангажман на економски оператор со искуство во развој на софтверски решенија, со цел да изработи софтвер за прием, регистрација и справување со жалби на потрошувачите од страна на деловните субјекти, како и водење соодветен електронски регистар, според стандардите и практиките на Европската унија.
Рок за поднесување на понуди: 29.12.2017 до 17,00 часот
Прилог: Тендерска Документација -превземи

Проект: Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства
Здружението за бизниси и консултанти Креација, Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит и Организација на потрошувачите (ОПМ) во рамки на проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“, кој се спроведува со финансиска помош од Европската унија во рамки на ИПА Програма за граѓанско општество и медиуми 2015, објавуваат
П О В И К
за доделување грантови на граѓански организации
Грантовите се наменети за граѓански организации кои сакаат да ги изградат своите капацитети да даваат услуги за сертифицирање на претпријатија за фер практики кон потрошувачите и стекнување со сертификат „ФЕР СО ПОТРОШУВАЧОТ“.
Организациите грантисти ќе промовираат соработка со деловниот сектор, ќе го координираат процесот на сертификација на заинтересираните претпријатија со цел развивање на овој иновативен модел за соработка на граѓанските организации со деловниот сектор.
Секој одобрен грант може да биде до 7.000 евра, односно 429.450 денари, а предвидени се вкупно 77.000 евра за сите грантови што ќе се одобрат со повикот.
Организациите на кои ќе им бидат доделени грантови ќе бидат обучени за промоција на сертификатот, координирање и спроведување на постапката за сетификација, а во периодот на спроведување на активностите ќе бидат менторирани во подготовката на верификациските извештаи за претпријатијата.
Критериумите за пријавување и избор на заинтересираните граѓански организации се претставени во насоките за повикот и придружните обрасци за пријавување, достапни на www.consumerfreindly.mk.
Целосните пријави со придружните документи треба да се испратат во електронска форма на [email protected] (со назнака: CSO4B-DIM повик) не подоцна од 26.10.2017 г.
Резултатите ќе бидат објавени на веб-сајтот www.consumerfriendly.mk во текот на ноември 2017 г.
НАСОКИ ЗА ПОВИКОТ ЗА ГРАНТОВИ
ПРИЈАВА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
БУЏЕТСКИ ОБРАЗЕЦ

Повик за експерт
|
Повторен Повик за експерт
|
Поединци
|
Бизнис и НВО
|
Јавни институции
|