Следете не на
КРЕАЦИЈА - ЗНАЕЊЕТО ВО АКЦИЈА
  • Активности
  • Интелектуални продукти
  • Проекти
    • SEEtheSKILLS- HORISON 2020
    • TRAINEE- HORISON 2020
    • Пристап до странски пазари за ракотворби
    • Be Digitalised - Интернет платформа
    • Пертнерство помеѓу ГО и бизнисите
  • Програма на Обуки 2020
    • Обуки за Дигитални вептини
    • Обуки за Консултанти
    • Регистрација за обуката
    • Обуки за Бизниси
    • Регистрација за Фирми
  • Соработка со НВО
    • Членство
  • Креативност
    • Публикации >
      • Галерија
      • Consulting Products >
        • Publications
  • Продавница
    • Содржина на Обуката

Нови пријатни и незаборавни искуства

Средби, знаења, вештини, вежби и игра за поголеми компетенции

English

ПОНУДА
НА БЕСПЛАТНИ  БИЗНИС СОВЕТИ 
ЗА „НОВАТА НОРМАЛНОСТ“ 
 ​

Тимот на Креација Скопје, 30 експерти од сите поголеми градови во Република Северна Македонија, за прептриемништво, е-бизнис, дигитален маркетинг дизајнираа бесплатна поддршка на фирмите за надминување на бариерите и проблемите и нивна подгтовка за постепено пренесување на нивното работење на интернет.
Четири форми на поддршка се ставени на располагање на фирмите: совети, работилници, коучинг и алатки за е-бизнис. 

СОВЕТИ 

РАБОТИЛНИЦИ

Бесплатни совети за примена на податоците од страна на учесниците на отворените предавања на фејсбук ( види линкови):
  • времетраење до 30 минути
  • телефон. скајп или вибер,
Теми:
  • идентификување на проблеми;
  • нови комуникациски канали  со купувачи;
  • пристап до финансии.
​Најава за совети и консултации преку емаил или преку пријава.

    Пријава за консултации

    [object Object]
    Избери тема на стрелката
Поднеси
Организирање на едночасовни онлајн работилници преку zoom платформата. 
Теми:
  • Избор на насока во бизнисот;
  • Планирање и организирање на онлајн продажба; 
  • Градење на комуникациски канали до потрошувачи;
  • Интегрирани акции за поголема  продажба.
​Најава за совети и консултации преку емаил или преку пријава.

    Пријава за Работилница 

    [object Object]
    Избери една или повеќе теми
Поднеси
 Бакшиш за учество на обуки  
ОСТАВИ БАКШИШ

Фонд за финансирање на проекти, продукти или алатки за онлајн продажба 

Коучинг за зголемена продажба
14 септември 2017,(четврток)

Дебарца 11, канцеларии на ИМЕ програмата, Скопје

14:45 – 15:00  Кафе за добредојде
15:00 – 15:25  Основен аспект на коучинг  Трансформација на клиентот во најважен учител за
неговиот  бизнис
– Ристо Иванов
15:25 – 16:00  Демо коучинг сесии
16:00 – 16:20  Демо коучинг сесии
​Покана

Работилница за  Coaches/ ментори за Програмата раст на продажбата 

На ден 30.11.2016 година, во хотелот „Порта“  во Скоје,  се оддржа работилница за градење на капацитетите за нови ментори/Coaches за раст на бизнисите на жени претприемачи. Темата која се обработуваше на оваа работилница наменета за жените сопственички на бизниси, беше зајакнување на нивните капацитети како тренери за коучинг со цел зголемување на продажбатa.

      Оваа работилница беше содржана од пет сесии, каде се обработија следните области: Коучинг како вид на бизнис поддршка, Проценка на клиенти, Водење на коучинг сесиии, Маркетинг на коучиг програмата и Извори на кофинансирање на трошоците за коучинг.

Алатките за коучинг вклучуваа:
  • Информации за елаборација на коучингот како бизнис поддршка и промотивни материјали со коучинг производи;
  • Прашалник за проценка на клиенти, нацрт за бизнисот на клиентот и месечни анализи за продажба. Се елаборират чекорите од првиот контакт со клиентот;
  • Структура и процес за испорачување на петте коучинг сесии со алатки за секоја тема, презентирани со примери и вежби;
  • Презентација на коучинг принципите и водење на клиенти низ три коучинг фази за начинот како да се зголеми нивната продажба;
  • Објаснување и подготовка на примери за индикатори за мерење на резултатите на клиентот;
  • Подготовка на работни белешки за клиентите, како коучинг сесијата може да биде спроведена на стандардизиран и унифициран начин.

     Процесот за градење на капацитетите успешно резултираше со 9 нови тренери во периодот од 28 ноември до 05 декември 2016 година. Новиот тренер г-ѓа. Сања Аризанов со поддршка од г. Ристо Иванов овозможи менторство за тренерите Зорица Попоска, Ирена Јакимова, Зденка Николовска, Бети Деловска, Сузана Трајковска,, Жаклина Голчева, Музафер Таири, Фросина Цветановска и Синиша Пекевски со цел да се промовираат и испорачаат услуги за коучинг за зголемена продажба.

Проект- БЕЕТ- Практичен дел  Обуката на тренери за инсталатери на системи за греење, ладење  и вентилација

На ден 13.05.2015 и 20.05.2015 година во просториите за обука на РЕХАУ Скопје се одржа рактичиниот дел на Обуката  со  30-те кандидати за  тренери за  инсталатери на системи за греење, ладење  и вентилација со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност
​ Обуките се одржаа под координација на ЗБК Креација Скопје, а беа реализирани од инструкторот Јован Пљаков -раководител на оддел „Објектна техника“ во РЕХАУ ДООЕЛ Скопје www.rehau.com.mk
​Обуката беше фокусирана на потребните тренерски вештини за обука на инсталатерите и оценување на нивните вештини за инсталирањето на системите за греење, ладење и вентилација.
По  завршување на практичниот дел од обуката и полагањето на завршен испит кандидатите  се стекнаа со сертификат за тренер и оценување на портфолио на кандидатот за препознавање на претходното учење. 
ЗБК Креација,  партнер во Проектот БЕЕТ- Обука на градежните работници за  енергетска ефикасност, изразува посебна благодарност за професионалноста и посветениот однос на компанијата РЕХАУ и Инструкторот Јован Пљаков
.

СЕМИНАР ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО И РАЗВОЈ НА БИЗНИС ИДЕЈА 

Во рамки на проектот за меѓугранична соработка „ Претприемачки клуб“ во Крива Паланка од 5 -ти до 7 ми Јуни 2014 се одржа семинар за Претприемништво и развивање бизнис идеја. На него присуствуваа16 млади луѓе до 29 години, кои генерираа над 40 бинзис идеи, а се одлучија да продолжат да работат на 15 од нив, селектирајќи ги според методологијата презентирана на семинарот.
На крајот на семинарот младите го формираа Клубот на претприемачи Спектар , за подобра нивна подготовка на натпреварот за најдобар Бизнис план што ќе се одржи во Бугарија и Македонија.

КОУЧИНГ

АЛАТКИ 

Индивидуални Коучинг сесии за отварање и работа со онлајн продавница:
  • Времетраење 1 час
  • скајп, вибер или zoom
Теми:
  • Отварање на онлајн продавница и цели;
  • Дефинирање на понудата на производи/услуги;
  • Акции за конверзија на посетителите во купувачи;
  • Испорака и наплата.
Најава за совети и консултации преку емаил или преку пријава.

    Пријава за Коучинг

Поднеси

Донација за Коучинг сесии 

ОСТАВИ БАКШИШ
Промотивни видеа за користење на едноставни бесплатни  алатки за интернет маркетинг, промоција и продажба.
Picture
Picture
Picture
Инструктор Јован Пљаков РЕХАУ - Скопје
Обуката на кандидатите беше структирирана во три целини:
  • Концепт на енергетска ефикасност во функција на конфорно домување
  • Енергетска ефикасност преку подно, сидно и таванско греење и ладење
  • Аквадукт системи за заштеда на енергија
  • Материјали за вградување на системи на греење, ладење и вентилација
  • Чекори во вградувањето и доржувањето на системите за греење, ладење и вентолација 

Стратешки план за развој и градење на тимски дух - Хотел Полин Дојран, 20-22 мај 2015 год.

Во согласност со Методологијата за подготовка на „Стратешкиот план за развој на општината Карпош 2015-2019 година, секторот за развој организираше семинар кој го водеше Ристо Иванов од ЗБК Креација 
Семинарот се организираше на 20,21 и 22 Мај 2015 година со присуство на  38 учесника ( членови ан Советот на општоната, вработени во локалната самоуправа и месните заедници, преставници на НВО, бизнис секторот и преставници од Младинскиот Совет на општината Карпош .
Семинарот допринесе за дефинирање на јасни насоки за следните чекори во донесувањето на Стратешкиот документ и за градење на тимски дух во неговото  спроведување

Комбинација на учење, вежби и работа на терен. Методологија која потврди дека во младите лежи огромен потекцијал, кој може да се стави во функвција на нивните потреби. Применливи алатки заедно со големиот ентузијазам и  креативност завршија со  одлични резултати. 

Претприемачки и бизнис вештини во областа на енергетска ефикасност

На 22 и 23 Мај и 28 и 31 Мај се одржа 5 дневен семинар на  тема: „Претприемачки и бизнис вештини во областа на енергетска ефикасност“. 
Учесниците - менаџери на мали и средни претпријатија на овој семинар беа запознаени со најновите пазарни трендови, понудата на мерки за енергетска ефикасност за згради и методологијата за развивање на
бизнис модели на учесниците.
На крајот на семинарот беа презентирани  информации за расположливи извори за финансирање на бизниси во сектор  енергетска ефикасност.

Picture

Напредни вештини за носење одлуки

На 27 Мај 2014 во Скопје се одржа семинар  на тема:„Напредни вештини за носење одлуки“ . Учесниците од  мали и средни претпријатија во Македонија беа запознаени со факторите кои влијаат на носење и извршување одлуки, Критериумите врз основа на кои се разликуваат  индивидуални стилови на раководење и комуникација. Во текот на семинарот преку вежби , учесниците работеа на повеќе применливи техники што се користат во процесот на носење и извршување на одлуки.

Економски трошоци за заштита на животната средина 

Во рамки на проектот „Истражи ја својата најблиска околина и откриј ги нејзините најопасни и најштетни ефекти“ на 11 и 12 април 2014 година во Сандански-Бугарија се доржа семинар за Економските трошоци  за поздрава животна средина и мисијата на идните генерации за побезбедна и здрава животна средина
Наставниците од средните училишта од Валандово и Сандански  иградија капацитет за презентација на еконосмите аспекти на заштитата на животната средина пред учениците со цел подигање на нивната свест за превземање конкретни акции во областа.

Претприемништво и бизнис вештини за енергетска ефикасност на згради 

На 27 -28 Март и 3-5 Април 2014 се организираше петденвен семинар за Прептрименитво и бинзис вештини во обалста на енергетска ефикасност. Семинарот се организираше во рамки на проектот Енергетска Ефикасност во секторот домување, спорведуван од ХАБИТАТ Македонија и УСАИД.35 учесници (претприемачи, вработени во градежни фирми и финансиски институции, како и невработени лица) активно учествуваа во градењето на нивниот капацитет  за бизнис планирање, со користење применливи знаења и алатки за развој на бизнис модел од секторот енергетска ефикасност,како и оценка на одржливост на избраниот бизнис

Вештини за развој на проекти ориентирани кон резултати 

На 14,15 и 25 март 201 4година во просториите на Стопанската комора на Македонија се одржа семинар за развој на проекти ориентрани кон резултати.
35 Учесници развија 33 проектни идеи за расположивите ЕУ програми и утврдија постапка за системско работење преку проектниот пристап, чија цел е зголемување учеството на андворешни извори на финансирање на активностите на Стопнаската Комора на Македонија 
Иновативниот пристап во градењето на капацитети им овозможи на учесниците да ги согледаат своите вештини согалсно фазите на проектниот циклус и да се фокусираат на оние што ќе им овозможат најдобри резултати. 

Семинар: Лидерство, градење и водење на тим

На 21 Фебруари 2014 година во просториите на Ц.Е.С тренинг центарот Скопје, се одржа семинарот за Лидерство, градење и водење на тим. Обучувачот Ристо Иванов на учесниците им ги презентира светслите трендови во лидерството, значењето на лидерството во растот на поединецот и бинзисот и ги водеше учесниците да го подготват својот план на лидерство. 
Во текот на Семинарот учесниците се стекнаа со разбирање за лидерските компетенции за испорака на услуги до потрошувачите и вештини за избор, градење и водење на тим за реализирање на целите на лидерот.

Семинар: Менаџмент вештини-Струмица и Гевгелија 

На 12 Фебруари 2014 година, во Тивериопол Струмица и на 19 фебруари 2014 во Аполонија Гевгелија , во организација на СИ Комуникејшн и Центаррот за развој на Југоисточниот регион се одржаа два семинари за Менаџмент вештини.
Ристо Иванов на учесниците, менаџери и вработени во микро, мали и средни претпријатија им се обрати со излагање за важноста на менаџерките вештини во водење на бизнисот, начинот на мерење на успешноста во менаџирање на бизнисот и поврзаноста на менаџмент вештините со остварување на целите на менаџерите. 

Работилница: Стратешки приоритети за локалниот економски развој - општина Кисела Вода 

На 12 фебруари 2014 во простроиите на општина Кисела Вода се одржа работилница за утврдување на стратешки приоритети и селекција на проекти за нивно реализирање.
Учесниците, вработени во секторите на општинската админситрација, се вклучија во изработката на Стратегијата за локален еконоски равој на општината Кисела Вода и преку интерактивна дискусија ги идентификуваа стратешките приоритети за нареднито 4 годишен перидот, предлагајќи ги потребните проекти за нивна реализација.

Семинар: Водење Проекти

Picture
На 14 и 15 ноември 2013 во просториите на МКЦ Скопје се одржа семинар на тема „Вештини за раководење со проекти“ каде обучувач беше Ристо Иванов, д-р на економски науки, Сертифициран менаџмент консултант (СМС) и Професионален проектен менаџер (РМР).
Дводневниот семинар ги охрабри учесниците своите идеи да ги претстават, и во иднина да ги реализираат, во форма на проекти.

Семинар: Донаторски процедури 

На 12 и 13 март 2014 година во маврово се организираше семинар за ЕУ донаторски процедури, на кој чесниците имаа можност да научат како да пристапат до донаторските развојни програми и формирајќи успешни партнерства да идентификуваат проектна идеја. Преку примена на алатките за подготовка на проектна апликација, според барањата на донаторите, учесниците ги осознаат клучните вештини за раководење со проекти. 

Исто така, семинарот комбинираше теорија, практична работа и игра со цел учесниците да го применат стекнатото знаење за генерирање проектна идеја и развивање на прокетна апликација.