Следете не на
КРЕАЦИЈА - ЗНАЕЊЕТО ВО АКЦИЈА
  • Активности
  • Интелектуални продукти
  • Проекти
    • OSS Habitat
    • SEEtheSKILLS- HORISON 2020
    • Konkuretni zemjodelski zadrugi >
      • Povici
    • TRAINEE- HORISON 2020
    • Пристап до странски пазари за ракотворби
    • Be Digitalised - Интернет платформа
    • Пертнерство помеѓу ГО и бизнисите
  • Програма на Обуки 2020
    • Обуки за Дигитални вептини
    • Обуки за Консултанти
    • Регистрација за обуката
    • Обуки за Бизниси
    • Регистрација за Фирми
  • Соработка со НВО
    • Членство
  • Креативност
    • Публикации >
      • Галерија
      • Consulting Products >
        • Publications
  • Продавница
    • Содржина на Обуката

Проекти на Креација

Проектите  се однесуваат на три целни групи, поединци, бизниси и НВО и јавни иституции .

Услуги

ПРОЕКТИ ВО ТЕК 

Picture

Одржливи енергетски вештини во градежништвото: видливи, валидирани, вреднувани – SEEtheSkills

Picture

ПОВИК  ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ  ПОНУДА
OSS/ZBK/01/101166954/24

Здружението за бизниси и консултанти „Креација“ Скопје  Ве поканува да доставите понуда за испорака на услуга: техничка изработка и дизајн на комуникациски  и промотивни материјали за проектот  на проектот One Stop Shop Habitat-Integrated services for ambitious renovation for clean energy transition in North Macedonia’s buildings-OSS Habitat (Едношалтерско место Хабитат-Интегрирани услуги за амбициозно реновирање за транзиција на чиста енергија во зградите во Северна Македонија), повик за енергетска ефикасност 2023 на ЕУ програмата LIFE23-CET-OSS HABITAT- LIFE-2023-CET 

ПРИЛОЗИ
- Барање за доставување на понуди со инструкции за понудувачите
- Образец на понуда и изјава

Краен рок за поднесување на понуди: 5.11.2024 година до 14,00 часот.

Зајакнување на управувањето на земјоделските задруги за подобрување на конкурентноста во земјоделскиот сектор - Конкурентни Земјоделски задруги.

Picture

ЗАВРШЕНИ ПРОЕКТИ

Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење -ТРАИНЕЕ

Picture

Building Innovative E- commerce platform to digitalise micro and small businesses  from Western Balkan region  ( BE-digitalised)

Picture

Градење конкурентност преку соработка и иновација: Пристап до странските пазари за ракотворби
Повеќе на web site

Picture
Picture

​Проектот “Одржливи модели за вработување на Ромите” започна во декември 2016 година и е финансиран од Европската Унија – Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Општата цел на проектот е да придонесе кон интегрирање на Ромите на пазарот на трудот, преку подобрување на нивните вештини за вработување во градежниот сектор и секторот за домување и енергетска ефикасност. Главната цел на проектот е зголемување на потенцијалот за вработување на ромската популација, обезбедувајќи соодветни и пазарно вреднувани лични карактеристики (знаење, вештини, мотивација) и олеснување на пристапот до пазарот на труд преку креирање на „мрежа за вработување“ која ќе ги поврзе градежните компании и потенцијалните Ромски работници. Имплементатори на проектот се Хабитат Македонија, ДРОМ и Креација. Проектот ќе се спроведува во општините Куманово и Прилеп.
Со проектот  опфати 140  Роми ( 120 мажи и 20 жени) на возраст од 25 до 50 години.  Еден дел од целната група (вкупно 80 лица) се состоеше од луѓе кои немаат претходно знаење или вештини за занаети во областа на градежништвото. Со цел да се направи оваа група поконкурентни на пазарот на трудот, тие учествува во обуката за  занаети (теоретска и практична настава) и ќе  добијат сертификати. Обуката ќе се состои од  теоретски дел  во времетраење од 3 дена ( 24 часа) и практичен дел во времетраење од 7 дена ( 56 часа) 

Проектните цели на проектот беа постигнати преку успешно спроведување следниве три резултати:
  1. Зајакнување на капацитетите за градежни вештини и спроведување на соодветна сертификација;
  2. Зголемена мотивираност и охрабрување за вработување, вклучувајќи ги и жените Ромки;
  3. Воспоставување на мрежа за вработување помеѓу работниците, работодавците и локалните самоуправи во Прилеп и Куманово.
Повеќе за моделот за одржливи вработувања

Повик за прибирање понуди за услуга за изработка на софтвер за прием, регистрација и справување со жалби на потрошувачите и водење соодветен електронски регистар

Преку стручна поддршка на Проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“ (Проектот) предвиден е ангажман на  економски оператор со искуство во развој на софтверски решенија, со цел да изработи  софтвер за  прием, регистрација и справување со жалби на потрошувачите од страна на деловните субјекти, како и водење соодветен електронски регистар, според стандардите и практиките на Европската унија.
Рок за поднесување на понуди: 29.12.2017 до 17,00 часот
Прилог: Тендерска Документација -превземи
Проект: Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства
Picture
Picture
Здружението за бизниси и консултанти Креација, Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит и Организација на потрошувачите (ОПМ) во рамки на проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“, кој се спроведува со финансиска помош од Европската унија во рамки на ИПА Програма за граѓанско општество и медиуми 2015, објавуваат
 
                                                                                         П О В И К
                                                         за доделување грантови на граѓански организации
Грантовите се наменети за граѓански организации кои сакаат да ги изградат своите капацитети да даваат услуги за сертифицирање на претпријатија за фер практики кон потрошувачите и стекнување со сертификат „ФЕР СО ПОТРОШУВАЧОТ“.
Организациите грантисти ќе промовираат соработка со деловниот сектор, ќе го координираат процесот на сертификација на заинтересираните претпријатија со цел развивање на овој иновативен модел за соработка на граѓанските организации со деловниот сектор.
Секој одобрен грант може да биде до 7.000 евра, односно 429.450 денари, а предвидени се вкупно 77.000 евра за сите грантови што ќе се одобрат со повикот.
Организациите на кои ќе им бидат доделени грантови ќе бидат обучени за промоција на сертификатот, координирање и спроведување на постапката за сетификација, а во периодот на спроведување на активностите ќе бидат менторирани во подготовката на верификациските извештаи за претпријатијата.
Критериумите за пријавување и избор на заинтересираните граѓански организации се претставени во  насоките за повикот и придружните обрасци за пријавување, достапни на www.consumerfreindly.mk.
Целосните пријави со придружните документи треба да се испратат во електронска форма на
 [email protected]   (со назнака: CSO4B-DIM повик) не подоцна од 26.10.2017 г.
Резултатите ќе бидат објавени  на веб-сајтот www.consumerfriendly.mk во текот на ноември 2017 г.

НАСОКИ ЗА ПОВИКОТ ЗА ГРАНТОВИ
ПРИЈАВА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
БУЏЕТСКИ ОБРАЗЕЦ 



Повик за експерт
за изработка на стратегија за комуникација и видливост на проектот 

Цел на повикот: Експертот треба да обезбеди стручна поддршка на Проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“ (Проектот) во изработка на стратегија за комуникации и видливост на Проектот. 
​
Содржина на повикот 
​Рок за поднесување понуди до 14.08.2017 година 

Повик за експерт
за изработка (развој и дизајн) на веб страна на проектот 

Цел на повикотЕкспертот треба да обезбеди стручна поддршка на Проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“ (Проектот) во изработка на веб страна. 
Содржина на повикот 
​Рок за поднесување понуди до 20.06.2017 година 

Повторен Повик за експерт
за изработка на бизнис план за систем за
сертифицирање на компаниите

Цел на повикот: Експертот треба да обезбеди стручна поддршка на Проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“ (Проектот) во изработка на бизнис план за систем за сертифицирање на компании за фер однос кон потрошувачите (бизнис планот). 
Содржина на повикот 
​Рок за поднесување понуди е пролонгиран до  29.11.2017 година 

Повик за доставање на Понуди  
за печатење на промотивен материјал за проектот   
​

Цел на повикотПонудувачот треба да обезбеди стручна поддршка на Проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“ (Проектот) во печатењето на промотивен материјал за проектните активности. 
Содржина на повикот со со образец на понуда
Рок за поднесување понуди до 26.06.2017 година 

Поединци 
Зошто бизнис?

1.  Невработени
2. Виско образовани млади луѓе 
3. Сопственици на бизниси
4. Консултанти 
5. Самовработени 

МЕТОДОЛОГИЈА РИПНИ

Бизнис и НВО
Продукт = работа во тим

1. Микро претпријатија
2. Мали и средни претпријатија
3. Големи претпријатија
4. НВО од економската проблематика


МЕНАЏМЕНТ  КОНСУЛТАНТСТВО

Јавни институции
Пари = луѓе + промени

1. Владини министерства
2. Државни агенции
3. Општини
4. Меѓународни организации


ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ 

    Контактирајте не за дополнителни информации

Submit
Powered by Create your own unique website with customizable templates.