Следете не на
КРЕАЦИЈА - ЗНАЕЊЕТО ВО АКЦИЈА
  • Активности
  • Интелектуални продукти
  • Проекти
    • OSS Habitat
    • SEEtheSKILLS- HORISON 2020
    • Konkuretni zemjodelski zadrugi >
      • Povici
    • TRAINEE- HORISON 2020
    • Пристап до странски пазари за ракотворби
    • Be Digitalised - Интернет платформа
    • Пертнерство помеѓу ГО и бизнисите
  • Програма на Обуки 2020
    • Обуки за Дигитални вептини
    • Обуки за Консултанти
    • Регистрација за обуката
    • Обуки за Бизниси
    • Регистрација за Фирми
  • Соработка со НВО
    • Членство
  • Креативност
    • Публикации >
      • Галерија
      • Consulting Products >
        • Publications
  • Продавница
    • Содржина на Обуката

Конкурентни Земјоделски задруги

Услуги за воведување модел на соработка  со етикета за квалитет и географска ознака, надградени со шеми за под-грантирање.

Повеќе

 Барање на понуди бр. САС04/2024 
за дизајн, брендирање и печатење на комуникациски и промотивни материјали.

Проектот „Зајакнување на управувањето на земјоделските задруги за подобрување на конкурентноста во земјоделскиот сектор- Конкурентни Земјоделски задруги“ има потреба од услуги за дизајн, брендирање и печатење на комуникациски и промотивни материјали.
​

Прилози:
- Барање за поднесување на понуда
- Прилог: Понуда со спецификација на услугата и Изјава 
- Инфо-брошура за проектот

Повик САС05/2024 
​за подготовка и спроведување обуки наменети за земјоделските задруги

ЗБК Креација Скопје ги поканува сите заинтересирани правни лица да учествуваат во отворениот повик за подготовка и спроведување на 3 (три) три-дневни обуки( 2 дена обука и 1 ден советување) наменети за поддршка на земјоделските задруги, корисници на грантови за имплементација на иницијативи за подобрување на нивната конкурентност. Обуките имаат за  цел да обезбедат подобар пазарен настап на производите со етикета за квалитет или заштитена географска одредница.

Право на учество имаат сите заинтересирани правни лица кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација.

Рокот за доставување на понудите е 28.10.2024 г.

Тендерска Документација

ЈАВЕН ПОВИК
за ментори/ки за земјоделски задруги-грантисти на проектот

Picture
Проектот „ Конкурентни Земјоделски задруги“  објавува повик за ментори/ки

Повеќе информации ТУКА

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ
​

Заинтересираните кандидати/ки за овој повик потребно е да достават професионална биографија (CV) на македонски или англиски јазик (најмногу до 3-4 страни) и да ја достават ги на следната електронска адреса:   [email protected]  со назнака „Ментор/ка на земјоделски задруги“ најдоцна до 13 Ноември 2023 година. За сите дополнителни прашања можете да се обратите на наведениот маил.

УСЛУГИ НА ПРОЕКТОТ -PROJECT PRODUCTS

ЦЕЛИ 

Општата цел е подобрување на конкурентноста на земјоделските задруги и живеењето во руралните области преку прилагодени советодавни услуги и под-грантови шеми за повисок производствен капацитет, зголемен удел на пазарот и полесен пристап до финансии.
​
Специфични цели:
(1) Развој и промовирање на модел за соработка помеѓу земјоделците за воспоставување и/или зголемување на членството во  земјоделските задруги од Североисточниот, Полошкиот и Југозападниот регион и Областа Преспа
(2) Зголемување на производствениот капацитет и пазарното присуство на земјоделските задруги со етикети за квалитет и/или географска ознака на нивните производи ;
(3) Подобрување на менаџментот на земјоделските задруги  и земјоделците за полесен пристап до финансии и програми за поддршка.

Очекувани резултати
  • Развиен и промовиран модел за соработка
  • Воспоставени минимум 1, максимум 4 Земјоделски задруги
  • Развиени програми за обука за етикета за квалитет и географска ознака (млеко и сирење, јагнешко месо, јаболко,  мед, , лешник)
  • Избрани два земјоделски производи – процедури за развој на ознака за квалитет
  • Поддржани две земјоделски задруги за развој на ознака за квалитет
  • Доделени минимум 6, максимум 10 грантови на земјоделски задруги и земјоделци
  • Инвестирани 260.000 евра во модернизација за поголема конкретност н земјоделскиот сектор  

​Зошто проект?
  • Позицијата на земјоделските задруги во Северна Македонија во рамките на вредносните синџири на земјоделски производи е сé уште слаба за натпреварување на меѓународните и домашните пазари
  • Политиките  на ниво на ЕУ ги стимулираат земјоделските претпријатија кон повисока конкурентност
  • Во Северна Македонија, пред почетокот на проектот се регистрирани 66 земјоделски задруги со 792 членови и проценето е дека прометот е помал од 1 отсто од домашното земјоделско производство. Покрај тоа, продажбата на производи преку земјоделските задруги е многу ниска, од 25% до 40% од вкупното производство на нивните членки.

​
Публикации
1.  Студија за добри пракси на земјоделски задруги и потенцијалот во С. Македонија 
​2.Пример добра практика ЗЗ Добра земја 
3. Истражување за потенцијалот на таргетираните региони 

4. Модел за Соработка во задругите -  Прирачник со применливи алатки и образец на Бизнис план



​Отворен повик за грантови за земјоделски задруги до 37.000 евра

Македонската асоцијација на земјоделски задруги го отвори повикот за грантови за постоечки и новоформирани земјоделски задруги, од Северозападниот, Североисточниот, Југозападниот и Преспанскиот регион. Задругите регистрирани во овие четири региони можат да аплицираат за грант до максимален износ од 37.000 евра. На располагање се 260.000 евра кои ќе бидат доделени на овој повик.
Повикот за грантови е дел од активностите од  ЕУ проектот “Конкурентни земјоделски задруги” кој го имплементира Македонската асоцијација на земјоделски задруги заедно со Здружението за бизниси и консултанти Креација.
Вкупниот буџет на проектот е во износ од 500.000 евра, од кои 90% се обезбедени од Европската Унија преку ИПА програмата, а останатите 10% се директно учество на проектниот конзорциум.Рокот за аплицирање е до 10.11.2023 година.
1-povik-za-dodeluvanje-grantovi-mk.pdf
​
1-povik-za-dodeluvanje-grantovi-al.pdf
2-nasoki-za-povikot-za-grant-za-zz-proekt-kzz.pdf
3-obrazec-baranje-za-grant-za-zz.docx
​​4-obrazec-mini-biznis-plan-za-zz.docx
Пристап на проектот
Проектот го адресира предизвикот за зајакнување на одржливиот развој на руралните области во Северна Македонија. Ќе се дизајнираат услуги и механизам за да се подобри одржливиот развој во руралните средини и зајакнување на соработката со земјоделците и земјоделските задруги  за подобрување на конкурентноста на земјоделските задруги од североисточниот, полошкиот и југозападниот регион и областа Преспа што ќе резултира со повисок приход и подобра егзистенција. Активностите ќе бидат насочени кон зајакната соработка помеѓу земјоделците и земјоделските задруги преку испорака на советодавни услуги за воведување на  иновативната менаџерска пракса и оптимизирање на земјоделството. Под-грант шемите ќе влијаат врз модернизацијата на земјоделците и земјоделските задруги со зголемувањето на производствениот капацитет. Активностите се специјално дизајнирани за развој на капацитетите на задругите во поглед на воспоставување на организација на производителите со етикета за квалитет и географско потекло. 
​Се очекува подобрување на конкурентноста во земјоделскиот сектор во Северна Македонија преку промовирање на соработката помеѓу земјоделците со цел да се формираат организации на производителите, задругите, вклучувајќи го и зајакнатото учество на младите и жените во развојот на земјоделството. Ќе биде развиен и промовиран модел кој ќе ја зајакне соработката помеѓу земјоделците и земјоделските задруги кои ќе резултираат со нови земјоделски задруги (грав, лешници, јаболка, млеко, месо) или зголемен број на земјоделци во постојните 13 членки на МАЗЗ. Обуките за етикети за квалитет  и географски ознаки се од голема важност за формирање на организации на производителите. Промовирање на капацитетите за бизнис планирање ќе воведе нова практика за подобрување на конкурентноста на целните групи и ќе обезбеди полесен пристап на земјоделските задруги до финансиска поддршка што ја нудат Министерството  за земјоделство, шумарството  и водостопанство и други донаторски програми.
Picture
ЦЕЛНИ ГРУПИ
  1. Македонската асоцијација на земјоделски задруги со 53 постоечки и потенцијални членови на здружението, кои работат во областите на конкурентноста на земјоделскиот сектор и се  залагаат за правата и интересите на земјоделските задруги во Република Северна Македонија;
  2. Земјоделски задруги од Североисточниот, Полошкиот и Југозападниот регион и областа Преспа и нови основани во времетраењето на проектот.
  3. Земјоделците ,со минимум 20 отсто учество на младите и жените, во трите региони кои работат со производство и продажба на земјоделски производи. Проектот ќе вклучи околу 500 земјоделци, кои ќе учествуваат во обуки и активности за под-грантови. Исто така ќе овозможи поддршка во обезбедувањето балансиран квалитет на производите, совети за подобра соработка со земјоделските задруги и знаења и вештини за производство на производи со квалитетна ознака и географско потекло;
  4. Владини претставници на национално, регионално и локално ниво кои работат во секторот на земјоделството и руралниот развој. Нивното учество и поддршка во проектот ќе ја зголеми ефективноста на нивните програми и постигнувањето на стратешките приоритети.

Поединци 
Зошто бизнис?

1.  Невработени
2. Виско образовани млади луѓе 
3. Сопственици на бизниси
4. Консултанти 
5. Самовработени 

МЕТОДОЛОГИЈА РИПНИ

Бизнис и НВО
Продукт = работа во тим

1. Микро претпријатија
2. Мали и средни претпријатија
3. Големи претпријатија
4. НВО од економската проблематика


МЕНАЏМЕНТ  КОНСУЛТАНТСТВО

Јавни институции
Пари = луѓе + промени

1. Владини министерства
2. Државни агенции
3. Општини
4. Меѓународни организации


ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ 

    Контактирајте не за дополнителни информации

Submit
Powered by Create your own unique website with customizable templates.