Следете не на
КРЕАЦИЈА - ЗНАЕЊЕТО ВО АКЦИЈА
  • Активности
  • Интелектуални продукти
  • Проекти
    • SEEtheSKILLS- HORISON 2020
    • Konkuretni zemjodelski zadrugi
    • TRAINEE- HORISON 2020
    • Пристап до странски пазари за ракотворби
    • Be Digitalised - Интернет платформа
    • Пертнерство помеѓу ГО и бизнисите
  • Програма на Обуки 2020
    • Обуки за Дигитални вептини
    • Обуки за Консултанти
    • Регистрација за обуката
    • Обуки за Бизниси
    • Регистрација за Фирми
  • Соработка со НВО
    • Членство
  • Креативност
    • Публикации >
      • Галерија
      • Consulting Products >
        • Publications
  • Продавница
    • Содржина на Обуката

Конкурентни Земјоделски задруги

Услуги за воведување модел на соработка  со етикета за квалитет и географска ознака, надградени со шеми за под-грантирање.

Повеќе

Зајакнување на управувањето на земјоделските задруги за подобрување на конкурентноста во земјоделскиот сектор - Конкурентни Земјоделски задруги​
​Брошура за проектот

Picture

УСЛУГИ НА ПРОЕКТОТ -PROJECT PRODUCTS

ЦЕЛИ 

Општата цел е подобрување на конкурентноста на земјоделските задруги и живеењето во руралните области преку прилагодени советодавни услуги и под-грантови шеми за повисок производствен капацитет, зголемен удел на пазарот и полесен пристап до финансии.
​
Специфични цели:
(1) Развој и промовирање на модел за соработка помеѓу земјоделците за воспоставување и/или зголемување на членството во  земјоделските задруги од Североисточниот, Полошкиот и Југозападниот регион и Областа Преспа
(2) Зголемување на производствениот капацитет и пазарното присуство на земјоделските задруги со етикети за квалитет и/или географска ознака на нивните производи ;
(3) Подобрување на менаџментот на земјоделските задруги  и земјоделците за полесен пристап до финансии и програми за поддршка.

Очекувани резултати
  • Развиен и промовиран модел за соработка
  • Воспоставени минимум 1, максимум 4 Земјоделски задруги
  • Развиени програми за обука за етикета за квалитет и географска ознака (млеко и сирење, јагнешко месо, јаболко,  мед, , лешник)
  • Избрани два земјоделски производи – процедури за развој на ознака за квалитет
  • Поддржани две земјоделски задруги за развој на ознака за квалитет
  • Доделени минимум 6, максимум 10 грантови на земјоделски задруги и земјоделци
  • Инвестирани 260.000 евра во модернизација за поголема конкретност н земјоделскиот сектор  
Пристап на проектот
Проектот го адресира предизвикот за зајакнување на одржливиот развој на руралните области во Северна Македонија. Ќе се дизајнираат услуги и механизам за да се подобри одржливиот развој во руралните средини и зајакнување на соработката со земјоделците и земјоделските задруги  за подобрување на конкурентноста на земјоделските задруги од североисточниот, полошкиот и југозападниот регион и областа Преспа што ќе резултира со повисок приход и подобра егзистенција. Активностите ќе бидат насочени кон зајакната соработка помеѓу земјоделците и земјоделските задруги преку испорака на советодавни услуги за воведување на  иновативната менаџерска пракса и оптимизирање на земјоделството. Под-грант шемите ќе влијаат врз модернизацијата на земјоделците и земјоделските задруги со зголемувањето на производствениот капацитет. Активностите се специјално дизајнирани за развој на капацитетите на задругите во поглед на воспоставување на организација на производителите со етикета за квалитет и географско потекло. 
​Се очекува подобрување на конкурентноста во земјоделскиот сектор во Северна Македонија преку промовирање на соработката помеѓу земјоделците со цел да се формираат организации на производителите, задругите, вклучувајќи го и зајакнатото учество на младите и жените во развојот на земјоделството. Ќе биде развиен и промовиран модел кој ќе ја зајакне соработката помеѓу земјоделците и земјоделските задруги кои ќе резултираат со нови земјоделски задруги (грав, лешници, јаболка, млеко, месо) или зголемен број на земјоделци во постојните 13 членки на МАЗЗ. Обуките за етикети за квалитет  и географски ознаки се од голема важност за формирање на организации на производителите. Промовирање на капацитетите за бизнис планирање ќе воведе нова практика за подобрување на конкурентноста на целните групи и ќе обезбеди полесен пристап на земјоделските задруги до финансиска поддршка што ја нудат Министерството  за земјоделство, шумарството  и водостопанство и други донаторски програми.
Зошто проект?
  • Позицијата на земјоделските задруги во Северна Македонија во рамките на вредносните синџири на земјоделски производи е сé уште слаба за натпреварување на меѓународните и домашните пазари
  • Политиките  на ниво на ЕУ ги стимулираат земјоделските претпријатија кон повисока конкурентност
  • Во Северна Македонија, пред почетокот на проектот се регистрирани 66 земјоделски задруги со 792 членови и проценето е дека прометот е помал од 1 отсто од домашното земјоделско производство. Покрај тоа, продажбата на производи преку земјоделските задруги е многу ниска, од 25% до 40% од вкупното производство на нивните членки.
Picture
ЦЕЛНИ ГРУПИ
  1. Македонската асоцијација на земјоделски задруги со 53 постоечки и потенцијални членови на здружението, кои работат во областите на конкурентноста на земјоделскиот сектор и се  залагаат за правата и интересите на земјоделските задруги во Република Северна Македонија;
  2. Земјоделски задруги од Североисточниот, Полошкиот и Југозападниот регион и областа Преспа и нови основани во времетраењето на проектот.
  3. Земјоделците ,со минимум 20 отсто учество на младите и жените, во трите региони кои работат со производство и продажба на земјоделски производи. Проектот ќе вклучи околу 500 земјоделци, кои ќе учествуваат во обуки и активности за под-грантови. Исто така ќе овозможи поддршка во обезбедувањето балансиран квалитет на производите, совети за подобра соработка со земјоделските задруги и знаења и вештини за производство на производи со квалитетна ознака и географско потекло;
  4. Владини претставници на национално, регионално и локално ниво кои работат во секторот на земјоделството и руралниот развој. Нивното учество и поддршка во проектот ќе ја зголеми ефективноста на нивните програми и постигнувањето на стратешките приоритети.

Поединци 
Зошто бизнис?

1.  Невработени
2. Виско образовани млади луѓе 
3. Сопственици на бизниси
4. Консултанти 
5. Самовработени 

МЕТОДОЛОГИЈА РИПНИ

Бизнис и НВО
Продукт = работа во тим

1. Микро претпријатија
2. Мали и средни претпријатија
3. Големи претпријатија
4. НВО од економската проблематика


МЕНАЏМЕНТ  КОНСУЛТАНТСТВО

Јавни институции
Пари = луѓе + промени

1. Владини министерства
2. Државни агенции
3. Општини
4. Меѓународни организации


ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ 

    Контактирајте не за дополнителни информации

Submit
Powered by Create your own unique website with customizable templates.