Следете не на
КРЕАЦИЈА - ЗНАЕЊЕТО ВО АКЦИЈА
  • Активности
  • Интелектуални продукти
  • Проекти
    • SEEtheSKILLS- HORISON 2020
    • TRAINEE- HORISON 2020
    • Пристап до странски пазари за ракотворби
    • Be Digitalised - Интернет платформа
    • Пертнерство помеѓу ГО и бизнисите
  • Програма на Обуки 2020
    • Обуки за Дигитални вептини
    • Обуки за Консултанти
    • Регистрација за обуката
    • Обуки за Бизниси
    • Регистрација за Фирми
  • Соработка со НВО
    • Членство
  • Креативност
    • Публикации >
      • Галерија
      • Consulting Products >
        • Publications
  • Продавница
    • Содржина на Обуката

Креативноста се учи

Нашиот живот е ехо и слики на нашите мисли и емоции. 
Знаење-познавање на  некој или нешто, вклучува податоци, информации, опис или вештини стекнати преку искуство или образование. 

РИПНИ

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ТВОЈАТА ОКОЛИНА? ДАЛИ СИ НЕЈЗИН РОБ ИЛИ КРЕАТОР?

9/3/2010

1 Comment

 
  Познат факт е дека 5% луѓе прават работите да се случат, 15 % следат што се случува  а останатите немаат поим зошто е така како што е.
Што се случува  денес во Македонија, во светот?  Кои се промените што ги живееме денес? Што треба да знаеме за да се справиме со нив? Модерната цивилизација почива на животинското во човекот . Во животинскиот свет владее правилото дека пониските врсти го подржуваат животот на повисоките видови созданија. На пример, животот  на човекот е подржан од растенијата и животните. Тие му обезбедуваат храна и енергија за да се движи и да поседува сила. Човекот нив ги јаде но истовремено и ги негува и одгледува бидејќи знае дека тие му се поддржувачи на опстанокот.
Дали истиот принцип важи и кај луѓето. Постојат слуги и газди, робови и господари, поданици и кралеви, работници и директори, народ и политичари.   Првите ги поддржуваат вторите., а вторите  ги негуваат и одгледуваат (со морков и стап) за тој однос да  трае што подолго.  Тој однос постои само со целосната согласност на двете страни. Дали и ти си направил ваква согласност со некој што се грижи за твојата егзистенција? Знаеш ли со кого и сакаш ли да го раскинеш?   

Двете крајности во одржување на тој однос надреден и подреден (владетел и владеан) се однесуваат на тоа кој ќе биде начинот на обезбедување на средства за живот (храна, живеалиште облека, образование, здравје, безбедност) на подредените (слуги, робови, поданици, работници, народ, граѓани). Првата крајност е сите создаваат за сите и трошат од сите а втората крајност е секој си создава и троши за себе.

Првиот начин го создал робовладетелството, социјализмот, комунизмот  додека пак вториот  бил основата на првобитната заедница, феудализмот и либералниот капитализам.

Каква околина имаш ти денес во Македонија? После комунизмот отпочна процесот на префрлање на обврските од државата (сите) кон тебе (поединецот-граѓанинот). Начинот на кој порано се создаваше од сите за  сите престана да постои а почнаа промени кои се нарекуваа реформи. Основата на таа реформа беше да ти ја префрлат обврската ти самиот да си  обезбедуваш  средства за живот (да си најдеш работа, да заработиш за храна, живеалиште, да си плаќаш за образование, здравство и сопствената безбедност). Тоа што не си подготвен и способен за тоа  не  го менува ниту пак го забавува започнатиот процес.

Така креираната и наметната околина предизвика многу поединци да потклекнат и да не успеат да се прилагодат на промените.  Тие и понатаму продолжија да го бараат тоа што го нема, некој друг да им обезбеди егзистенција (основата на секоја робовска филозофија). И сеуште се лажат дека таа околина ќе се врати.. За такво нешто им служат тврдењата дека можеш да се вработиш само ако си член на партија, и тоа  не било која туку член на владејачката партија.  

Во претходните текстови објаснив зошто, доколку вниманието ти е насочено во вистинска насока,  тебе не ти е потребно многу време за да се оспособиш сам да си обезбедуваш средства за живот.  Овде ќе се осврнам повеќе на тоа како не ти беше овозможено да го постигнеш тоа.  Кога почнаа твоите проблеми од новата околина, твоето и вниманието на другите како тебе им беше свртено кон тоа  колку се добри и чесни надредените (политичарите).  Тие се посочуваа како виновници доколку тебе не ти беше добро во животот.  Односно постојано твојот ум беше потхрануван со мисли дека некој друг треба да ти ја обезбеди основната егзистенција. Тој начинот на размислување те задржува на нивото на подреден  и манипулиран. Од тоа ниво ти не се осмелуваш да помислиш дека имаш потенцијал сам да се избориш за она што ти треба во животот. 

Зошто овој начин на размислување е погрешен за тебе. Затоа што  мислите со кои се согласуваш  се одговорни за твојот живот. Мислите се причина за се што ти се јавува како состојба во животот.  Па така, ако мислиш дека некој друг треба да се грижи за тебе  тогаш твоите акции се кон барање на таква личност или група на личности (партии). Таквите акции ќе имаат за последица тропање од врата на врата, слушање многу оправдувања или ветувања и чекање нештата да се случат. Додека чекаш ти не создаваш, а ако не создаваш нема да имаш што да разменуваш со другите. 

Спротивен начин на размислување е да се свртиш кон себе, да ги откриеш твоите способности, да си ја повратиш довербата во себе и да почнеш да создаваш вредности што ќе ги разменуваш со другите луѓе.

Значи во истата околина ти можеш да избереш помеѓу неколку начини на размислување. Секој од нив има различни последици по тебе.  

Те повикуваме да се приклучиш на заедницата на КРЕАЦИЈА, организација посветена на градење на заедница на луѓе  кои сакаат да го прекинат односот надредени и подредени и да овозможи потенцијалот на личноста и неговите достигнувања да му го одредуваат квалитетот на животот.
creation@t-home.mк

 

 

1 Comment
gordana
11/13/2013 08:19:36 pm

tekstot e mnogu inspirativen , dlabok i treba sekoj da go prochita vo ovaa nasha zemja , ima tolku mnogu robovi za zal

Reply



Leave a Reply.

    ЗБК КРЕАЦИЈА

    Никола Парапунов 41 
    1000 Скопје, Република Македонија
    Тел.факс 00 389 2 3216 903
    creation@t.mk

    Archives

    March 2017
    May 2016
    July 2015
    December 2014
    November 2014
    November 2010
    September 2010
    August 2010

    Categories

    All
    Freedom
    Philosofy
    Religion
    Science

    RSS Feed

    View my profile on LinkedIn